Почна масовната вакцинација на овци и на кози против болеста сипаници во 8 региони во Македонија.
Вакцините се обезбедени како донација од Европската Унија.
Со кампањата треба да бидат опфатени 3.417 стада со вкупно 438.042 животни, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Во првата фаза, вакцинацијата ќе се спроведува во Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и во Североисточниот регион, каде што се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни. Во втората фаза ќе бидат опфатени Југозападниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Скопскиот регион, со 1.558 стада и 244.515 животни.
Предвидена е и трета фаза за дополнителна вакцинација на животните што не биле опфатени во првите две фази, вклучително и младите животни што дополнително ќе ја достигнат потребната возраст за имунизација.
Од АХВ посочуваат дека вакцинацијата е важна мерка за спречување на ширењето на болеста и за намалување на ризикот од нејзино понатамошно појавување.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
