Background

Турци уапсени со арсенал оружје во Грција

Херметички спакувани во куфер и торба, скриени во камион за меѓународен транспорт, двајца турски државјани се обиделе преку копнениот граничен премин во Еврос, во Грција да внесат 50 пиштоли, по што биле уапсени и се товарат за внесување и трговија со нелегално оружје од Турција со цел снабдување на криминални групи, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека по соодветна обработка и анализа на добиени информации, било утврдено дека се подготвува транспорт на голема количина оружје преку камиони за меѓународен транспорт, а за да се спречи била испланирана и спроведена координирана акција.

– Во рамките на операцијата, во вечерните часови во средата на 1 јули 2026 година, беа лоцирани два камиона за меѓународен транспорт кои влего на грчка територија преку граничен премин во областа Еврос. Од нивно следење беше утврдено дека возачот на првиот камион имал улога на претходница, проверувајќи ја рутата за евентуално присуство на полициски сили. При запирањето и контролата на вториот камион, под креветот во кабината и зад возачкото седиште беа пронајдени внимателно скриени патна торба и куфер, во кои, херметички спакувани, се наоѓале 50 пиштоли и 49 шаржери, кои беа запленети – соопштија од грчката полиција и додадоа дека запленет бил и камионот.

- Advertisement -
Ad image

Дополнително, било утврдено дека запленетите пиштоли немале сериски броеви, исто како и во случаите што истиот оддел ги истражувал пред неколку месеци.

Поконкретно, на почетокот на октомври минатата година во близина на градот Ксанти во североисточна Грција бил уапсен 27-годишен турски државјанин, кај кого биле пронајдени и запленети 25 пиштоли, а исто толку пиштоли, во истиот регион, биле пронајдени и кај други две лица, уапсени на крајот на мај годинава.

Министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис во средата посочи дека еден од проблемите со кои се соочува грчката полиција е турската мафија и „продолжува целиот процес на расчистување, истрага и разбивање на турските криминални организации, кои ги расчистуваат сметките на грчка територија“.

– Околу 2.000 Турци, мафијаши, од мафијашките криминални групи, се наоѓаат во грчките затвори – откри во министерот во чија надлежност е полицијата

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation