СДСМ: Бранко Героски бара „ново дете“ за СДСМ, а го брани „детето Пеџа“
Бранко Героски бара „ново дете“ за СДСМ.
Можеби затоа што му е здодевно, или затоа што самиот е здодевен.
Можеби затоа што во старите денови се впушти во платени авантури од кои сега не може да излезе.
А можеби затоа што сега, заедно со истите оние кои ги бранеше и порано, отворено ја промовира платформата за иднината на Мицкоски.
ЗНАМ 2.0, нова верзија на уште еден сателит на ВМРО.
Сите излегоа од дупките. Сите сега се видливи.
Истиот Геро кој денес се претставува како „независен новинар“ и бара „нови лица“ во СДСМ, во своето време го угостил во својот стан началник на БИА, Живаљевиќ. Лик познат и по организираниот упад во Собранието заедно со ВМРО на 27 ми април.
Тоа беше дел од истата мрежа на служби.
Едни имаа задача да упаднат во Собранието и да направат хаос, а други да ја палат американската амбасада. Вистински демократски работи, за „вистински независни новинари“.
Оваа генерација на стари УДБА “новинари“: Геро, Латас, Ивона и сите нивни соработници е причината зошто со години не се отвораат досиејата на тајните служби.
Токму тие ја блокираат европската иднина на Македонија, бидејќи отворањето на досиејата би значело и отворање на нивната сопствена улога во системот.
Тие се досадни. Не затоа што се стари удбаши, туку затоа што се предвидливи.
Сè уште мислат дека само тие имаат право да живеат и да профитираат во оваа земја.
За сите овие години зедоа доволно за себе (станови, куќи, плацеви… хектари). На младите им ја зедоа иднината, на старите им го зедоа достоинството.
Сега, кога веќе не можат да се кријат зад „независна анализа“, отворено работат на платформата за иднината на Мицкоски и го бранат „детето Пеџа“. Ист платен список. Иста цел.
Доста е со вашата пропаганда.
Народот одамна знае: „Лажете за сите пари.“
Во слободна, демократска и европска Македонија, за вас навистина нема иднина.