Турските власти приведоа неколку лица, вклучувајќи новинари, академици и членови на левичарски групи, во рации низ неколку провинции, објавија денеска локалните медиуми и синдикати, додека владата ги засилува безбедносните операции пред самитот на НАТО што оваа недела ќе се одржи во Анкара, јавува ДПА.
Рациите во Анкара, Истанбул и неколку други провинции беа насочени кон левичарските и социјалистичките партии, синдикатите и групите на граѓанското општество, објавија опозициската телевизија Халк ТВ и весникот Џумхуриет (Република).
Меѓу приведените се двајца уредници од новинските портали Т24 и Ода ТВ, кои се критички настроени кон владата.
Турското здружение на новинари (TGC) и Здружението на прогресивни адвокати (CHD) побараа на Икс ослободување на приведените, велејќи дека апсењата ја нарушуваат слободата на печатот и нарекувајќи ги рациите обид за заплашување на опозициските гласови пред состанокот на НАТО.
Државната агенција Анадолија денеска објави дека полицијата привела 39 осомничени лица во рации низ осум провинции, насочени кон младинското крило на забранетата левичарска група THKP/C-DEV YOL.
Во посебна операција во западната провинција Коџаели, полицијата привела 28 осомничени лица за кои се тврди дека се поврзани со екстремисти на Исламска држава и левичарски милитантни групи, објави Анадолија. Властите во рациите заплениле муниција и забранети дигитални материјали, се додава во извештајот.
Рациите следеа по неколку други апсења во текот на изминатата недела, потсетува ДПА.
Критичарите наведуваат дека операциите имаат за цел да спречат протести и да го потиснат несогласувањето пред самитот на НАТО, додека властите ги опишуваат како дел од истрагите за борба против тероризмот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
