Background

Цената на становите во последниот квартал лани пораснала за 10,6%

Цената на становите во последниот квартал лани пораснала за 10,6%, покажуваат податоците на Народната банка.

Според овие податоци во текот на целата измината година цената на становите е во пораст. Така во првиот цената забележала раст од  4,6%, во вториот од 11,5%, а во третиот 8%

Трендот на поинтензивен раст на цената на становите во земјава започна на крајот на 2021 година кога во четвртиот квартал имаше раст од 11,3%. Највисок раст на цената на становите во последните години имаше во 2022 година кога во третиот квартал цената на становите порасна за 21,3 %.

- Advertisement -
Ad image

Во Скопје, просечната највисока цена на квадратен метар лани изнесувала 1.680 евра. Во декември просечната цена на становите во општина Центар изнесувала 1.919 евра, во Карпош 1.852, а во Аеродром 1.696 евра.

Почетокот на годинава е во рамки на повеќегодишен тренд има благо намалување на цената. Денеска, според податоците на платформата за анализа на пазарот на недвижнини во Скопје, цената на квадратен метар стан во општина Центар изнесува 1.893 евра, во Карпош  1.843 евра, а во Аеродром 1.715 евра.

Во последните години растат и цените на становите во другите градови во земјава како што и расте интересот за градење.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation