Труењето со храна на Новак Ѓоковиќ додека беше во притвор пред и за време на Австралија Опен во 2022 година продолжува да биде централна тема во тениските кругови, но најдобриот тенисер на сите времиња не сака повеќе да зборува на оваа тема.
Моментално седмиот играч на АТП листата истакна дека во споменатото интервју кажал се што имал да каже и дека сега е целосно фокусиран на она што го очекува оваа година на терените на тенискиот комплекс во Мелбурн.
– Интервјуто во кое зборував за труење со храна излезе пред ден-два, но беше снимено пред многу месеци и не би сакал повторно да зборувам на таа тема. Ме очекува нов предизвик во Мелбурн, каде што прв пат учествував далечната 2005 година и се сеќавам дека изгубив од Марат Сфаин, кој подоцна го освои пехарот. Бев млад и верував дека еден ден ќе го направам истото, а само три години подоцна дојде првиот Грен слем во Мелбурн – изјави Новак Ѓоковиќ.
Кога веќе не беше расположен да зборува за неспортски теми, главна тема на разговор со претставниците на медиумите во Австралија беше неговата новоформирана соработка со Енди Мареј.
– Се знаеме долго време. Мислам дека првиот дуел го одигравме еден против друг кога имавме 12 години. Тој е некој кој многу добро ме познава и нема потреба да трошиме зборови за каков шампион станува збор. Мислам дека се ќе биде во ред – рече Србинот.
Ѓоковиќ во првото коло на Австралија опен ќе игра против Нишеш Басавери. Мечот е на програмата во ноќта помеѓу понеделник и вторник по македонско време.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
