Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју емитувано во неделата пред турнирот Супербол изјави дека сериозно сака Канада да стане 51-та држава во САД, пишува Тајм.
– Мислам дека Канада би била многу подобра кога би била 51-та држава, бидејќи губиме 200 милијарди долари годишно од Канада. А јас нема да дозволам тоа да се случи. Зошто плаќаме 200 милијарди долари годишно, во суштина субвенција за Канада?
Откако новинарот на „Фокс Њуз“, Брет Баер, го праша дали неговиот говор за анектирање на Канада е „сериозен“, Трамп одговори со „да“.
Канадскиот премиер Џастин Трудо во петокот за време на затворена седница со бизнис лидерите рече дека разговорот на Трамп за правење на Канада 51-ва сојузна држава е „сериозен“ и поврзан со желбата за пристап до природните ресурси на земјата.
– Трамп мисли дека најлесниот начин да се направи ова е да се апсорбира нашата земја. Ова е сериозно – рече Трудо.
Трамп вчера соопшти дека Вашингтон ќе воведе царини од 25% за производите од челик и од алуминиум. Францускиот министер за надворешни работи најави дека Европската унија соодвено ќе одговори на наметнатите царини.