Иран предупреди дека повторно ќе го затвори Ормускиот Теснец доколку продолжи американската блокада на иранските пристаништа.
„Ако продолжи блокадата, Ормускиот Теснец нема да остане отворен“, напиша утринава претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед-Багер Галибаф на Икс.
Тој додаде дека транзитот низ водниот пат, што е од витално значење за глобалниот пазар на нафта и гас, ќе се одвива по „одредена рута“ и со „иранско овластување“.
По неколку недели блокада поради војната меѓу САД и Израел против Иран, раководството во Техеран вчера соопшти дека танкерите за нафта и комерцијалните бродови повторно би можеле да поминат низ Ормускиот Теснец за време на прекинот на огнот.
Галибаф напиша дека на терен ќе биде утврдено дали преминот е отворен или затворен, како и прописите што го регулираат, „а не од социјалните медиуми“.
Тој го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека изнесува лажни тврдења и рече дека САД нема да стигнат понатаму во преговорите на тој начин.
Трамп, исто така, го најави повторното отворање на мореузот, но додаде дека САД ќе ја одржат својата поморска блокада, која се однесува само на бродовите што доаѓаат до и од Иран.
Објавата на Трамп на неговата мрежа Трут соушел дека блокадата на САД ќе остане „до целосно склучување на нашите договори со Иран“ предизвика негодување во Техеран.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, исто така ги предупреди САД. Тој рече дека поморската блокада претставува кршење на прекинот на огнот и ќе предизвика соодветен одговор од Иран.
Трамп синоќа изјави дека може да го прекине примирјето со Иран доколку до среда не се постигне долгорочен договор за прекин на војната.
– Можеби нема да го продолжам, но блокадата (на иранските пристаништа) ќе остане. Значи, имате блокада и за жал ќе мора повторно да почнеме да фрламе бомби – им рече Трамп на новинарите.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
