Американскиот претседател Доналд Трамп го повика рускиот претседател Владимир Путин на разговори за крај на војната во Украина, а во спротивно му се закани со санкции.
„Не сакам да ја повредам Русија. Го сакам рускиот народ и отсекогаш сум имал добри односи со претседателот Путин. Никогаш не смееме да заборавиме дека Русија ни помогна да ја добиеме Втората светска војна, кога изгубија речиси 60 милиони луѓе. Затоа, ќе им направам голема услуга на Русија и претседателот Путин, бидејќи нивната економија се распаѓа“, напиша Трамп на својот профил на социјалната мрежа „Вистина“.
Вразумете се и престанете со оваа војна, додаде Трамп.
„Може само да се влоши. Доколку наскоро не се постигне договор, немам друг избор освен да наметнам високи даноци, давачки и санкции. Да ставиме крај на оваа бесмислена војна, која што немаше да се случи ако јас бев претседател“, напиша американскиот претседател.
Можеме да го направиме тоа на полесен или на потежок начин. Полесниот начин е секогаш подобар, потенцира тој.
„Време е да се направи договор, за да не се изгубат повеќе животи“, напиша Трамп.