Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи да кокетира на социјалните мрежи со религиозни содржини, овојпат објавувајќи фотографија на која е прикажан во прегратка на Исус Христос.
Трамп сподели фотографија од себе како стои до Исус, кој го прегрнува. Во позадина се појавува американско знаме, кое се раствора во силна светлина.
„На лудите од радикалната левица можеби нема да им се допадне, но мислам дека е прилично убаво“, напиша Трамп.
Трамп претходно објави фотографија на која се прикажува себеси како Исус, а откако доби бројни критики, ја избриша фотографијата, а потоа понуди бизарно објаснување.
„Го објавив. Мислев дека сум прикажан како лекар. Требаше да бидам јас лекар, да ги направам луѓето поздрави“, рече Трамп, негирајќи ги тврдењата дека е прикажан како Исус.



