| Охридскај | 16 април 2026 |
Скопје – Денес улиците пред македонските културни институции беа исполнети со вработени кои протестираа. На транспарентите , надгробна плоча со натпис „Колективен договор 2019–2026″. Убиецот на тој договор, според вработените, носи познато лице: министерот за култура Зоран Љутков , нивниот поранешен колега.
Постои особена горчина кога предавството доаѓа од внатре. Зоран Љутков не дојде во светот на политиката од корпоративните кули или партиските канцеларии , тој дојде од редовите на самата култура. Беше еден од нив: ги познаваше коридорите на институциите, ги знаеше платите кои не стигнуваат до крај на месецот, ги слушаше поплаките за несигурноста и прекарниот труд,беше дел од реалноста.
А потоа стана министер. И го закопа колективниот договор.
Работниците во културата денес му го кажаа тоа гласно, без маски: „Љутков, твоите колеги ќе помнат дека ја уби културата!” Порака која не е само политичка , таа е лична. Бидејќи тоа не го рече непознат бирократ или туѓ технократ. Тоа го направи некој кој седел на истиот стол, дишел ист воздух, знаел точно каква цена ќе платат луѓето.
Римскиот цар Калигула е симбол за власт која се изродува , за оној кој, откако ќе дојде до позиција, заборава од каде потекнува и почнува да ги гази токму оние кои го изнесле на врвот. Паралелата со Љутков не е случајна.
Министерот кој требаше да биде гласот на вработените во културата пред Владата, стана нивниот молк. Министерот кој требаше да го одбрани колективниот договор, го остави да умре тивко, со датум на смртта испишан за сите да го видат: 2019–2026.
Седум години борба на синдикатите, преговори, компромиси и потписи , сè тоа денес лежи под симболична надгробна плоча, направена со раце на луѓе кои уметноста ја знаат подобро од секого. И со порака упатена директно кон него.
Денешниот штрајк на вработените во културните институции низ Македонија не е обична синдикална акција. Тој е повик на луѓе кои со години работат за минимални надоместоци, без соодветна правна заштита, без сигурност дека договорените права ќе бидат почитувани.
Колективниот договор во културата беше нивниот штит. Со неговото истекување без обнова , штитот падна. А министерот кој требаше да го подигне, стоеше со скрстени раце ,беше против нив.
Прашањата кои денес ги поставуваат штрајкувачите се едноставни и директни:
Зад секој штрајкувач денес стои глумец, сценограф, библиотекар, музичар, кустос, редактор ,етнолог,балетан, луѓе кои со своето дело го чуваат македонскиот јазик, историјата и духот на овој народ. Нивниот труд не се мери само во денари, но нивните сметки се плаќаат со нив.
Министер за култура кој не ја штити културата , не е министер. Тој е само функционер со погрешна титула.
Охридскај стои цврсто зад правото на вработените во културата на достоинствен труд, правична плата и обновен колективен договор. И јавно го повикува министерот Љутков да излезе од канцеларијата и да погледне во очи на луѓето кои некогаш му биле колеги.
Историјата ги памети оние кои ја предале.
С.ДЕНЕСОВСКИ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
