Трамп најави што ќе му биде приоритет на првиот работен ден

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Златната ера на САД почнува, а во секој ден од администрацијата ќе ја ставам Америка на прво место. Ќе ги вратиме суверенитетот и безебдноста. Најголем приоритет ќе биде нација која ќе биде просперитетна горда нација. Америка наскоро ќе биде голема, појака и поисклучителна од кога било“.

Вака го започна својот говор 47. претседател на САД, Доналд Трамп.

Тој ги спомна двата обиди за убиство врз него, велејќи:

– Бев спасен од Господ за да ја направам Америка повторно голема.

Вонредна состојба и гонење на илегалните мигранти

Новиот претседател на САД Доналд Трамп во својот говор на инаугурацијата изјави дека ќе прати трупи на границата со Мексико и дека ќе потпише акт за гонење на илегалните мигранти во земјата. Тој најави дека доаѓа нова ера на здрав разум.

– Прво ќе воведам вонредна состојба на нашата јужна граница. Сите илегални мигранти ќе бидат вратени и веднаш ќе вратиме милиони луѓе кои нелегално влегле во државата. Ќе ја завршам праксата на фати-пушти. И ќе пратам трупи на границата за да ја сопрам оваа инвазија. Потоа картелите ќе ги прогласиме за терористички организации – изјави Трамп.

„Ќе бушиме бејби, ќе бушиме“

Ќе бушиме бејби, ќе бушиме, рече новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во својот говор по инаугурацијата за 47. претседател. Тој најави дека ќе прогласи вонредна состојба во енергетиката.

– Повторно ќе бидеме богати и тоа заради црното злато под нашите нозе. Со моите постапки денес, ќе ставиме крај на Зелениот нов договор и ќе го отповикаме мандатот за електрични возила, спасувајќи ја нашата автомобилска индустрија и чувајќи го моето свето ветување пред моите големи американски работници во автомобилите. Со други зборови, ќе можете да го купите автомобилот по ваш избор. Повторно ќе произведуваме автомобили во Америка со брзина за која никој не можеше да сонува дека е возможна пред само неколку години.

Трамп исто така најави дека наместо да се обременуваат граѓаните, САД ќе воведат царини за земјите со кои тргуваат.

- Advertisement -
Ad image

Акт за укинување каква било цензура

Тој се осврна и на правниот систем велејќи дека ќе се врати слободниот говор во земјата. Трамп ја нарече својата инаугурација Ден на ослободувањето.

– Мојата администрација ќе го воведе Министерството за ефикасност. Исто така веднаш ќе потпишам акт за укинување на каква било цензура и враќање на слободниот говор во Америка. Никогаш повеќе нема да се гонат политички неистомисленици. Ќе ги донесеме правдата и редот. И во нашите градови ќе има ред – рече Трамп.

Министерството за ефикасност на Трамп треба да го води познатиот техномилијардер Илон Маск кој се очекува да отпушти илјаднинци службеници од кариера во администрацијата.

- Advertisement -
Ad image

Во САД ќе има само два пола

Трамп во говорот ги повтори своите најави дека во САД официјално ќе постојат само два пола.

– Од денеска официјална политика на САД ќе биде дека ќе има само два пола – машки и женски. Исто така оваа недела ќе ги вратам сите членови на армијата кои биле исфрлени поради тоа што не примиле вакцина за ковид-19.

Трамп во претходна изјава речедека наскоро се очекуваат повеќе потези во однос на прашањето на програмите за различност и инклузија, но не откри детали за планираните чекори.

„Ни ги учеа децата да ја мразат нацијата“

Трамп вели дека се враќа во нов мандат со самодоверба.

– Имаме шанса како никогаш досега. Но, прво мораме да се соочиме со предизвиците. Владата имаше криза на доверба, многу години на корумпиран естаблишмент. Имавме влада која даваше милиони долари за безбедност на други нации, но не знае да се справи со домашните проблеми на своите граници.

САД уште се опоравуваат од ураган, Лос Анџелес се опоравува од пожарите. Даваме повеќе пари за здравството од која било друга земја, а имаме дисфункциоинален систем. Во образованието децата ги учат да ја мразат сопствената земја.

Share This Article