Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека можеби ќе биде неопходно неговата земја повторно воено да го нападне Иран.
Пред новинарите во Белата куќа, Трамп уверуваше дека Техеран „моли“ за постигнување договор. Ваквата изјава доаѓа откако претходно денеска Иран се закани со „отворање нови фронтови“ доколку САД ги обноват воените напади по прекинот на огнот кој стапи во сила минатиот месец. Од друга страна, Катар коментираше дека на преговорите меѓу Вашингтон и Техеран им е потребно повеќе време.
– Бев на само еден час од одлуката да наредам нови напади, но на крајот решив да ја одложам акцијата – откри денеска Трамп. Истовремено, тој јасно стави до знаење дека сепак може да издаде наредба за напад во следните неколку денови доколку не се постигне конечен договор.
– Имам предвид кус период од два или три дена, можеби во петок, сабота, недела или на почетокот на следната недела. Рокот е ограничен бидејќи не можеме да им дозволиме на Иранците да поседуваат ново нуклеарно оружје – дециден е американскиот претседател.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
