Background

Трамп изнесе детали од историскиот самит во Шенжен

На првата прес-конференција по враќањето од Самитот на АПЕК во Кина, каде имаше тројна средба со лидерите на Русија и на Кина, Доналд Трамп изјави дека Владимир Путин, за време на нивната средба, му рекол оти никогаш немало да ја нападне Украина доколку Трамп бил претседател на САД.

– Го прашав: ’Дали ќе нападнеше Украина ако јас бев претседател?‘ Тој одговори: ’Не, тоа никогаш немаше да се случи‘ – раскажа Трамп.

Тој повторно изрази оптимизам во врска со крајот на војната, но нагласи дека меѓу Путин и Зеленски постои „огромна омраза“ што ги отежнува преговорите.

- Advertisement -
Ad image

Зборувајќи за историскиот самит со Путин и Си, Трамп ја спореди средбата со конференцијата во Јалта од 1945 година и го пофали кинескиот претседател за развојот на Шенжен.

– Си заврши фантастична работа. Градот е чист, беспрекоренм – рече Трамп, а потоа зборуваше за дупките на американските патишта.

– Кога ги гледам нашите градови – земјени патишта, дупки насекаде, огради што се распаѓаат – сè е ‘рѓосано и одвратно – рече Трамп.

Трамп бил импресиониран и од фактот што на кинеските патишта не се забележувале дури ни закрпени дупки.

– Кога ќе поправите дупка, добивате нов асфалт до стариот, кој е побелен. Не изгледа убаво, но барем не си го уништувате автомобилот. Не сакам да ве заморувам. Ќе речат дека повторно зборувам неповрзано. Јас не зборувам неповрзано. Никогаш – рече Трамп.

Доналд Трамп изјави дека, за време на нивната средба, кинескиот претседател Си Џинпинг му честитал за американските успеси, особено во развојот на напредна вештачка интелигенција.

– Претседателот Си ми честиташе за тоа колку добро напредуваме во секој поглед, вклучително и во областа на супер-интелигенцијата – рече Трамп.

Тој тврдеше дека САД имаат голема предност пред Кина во развојот на таа технологија.

– Ние сме први, тие се втори, а никој друг не е ни блиску. Не верувам дека некогаш и ќе бидат. Кој и да победи во областа на суперинтелигенцијата – тој ќе победи. Запамтете го тоа – рече американскиот претседател.

Трамп откри дека тој и Си се договориле за заеднички безбедносни мерки во врска со развојот на вештачката интелигенција. Тој особено нагласи дека нема да дозволи американските компании да го преместат развојот на инфраструктурата за вештачка интелигенција во странство.

– Нема да дозволиме нашите компании да градат центри за податоци во други земји. Ако го сторат тоа, ќе им наметнеме огромни даноци – се закани Трамп, конкретно спомнувајќи ја планираната изградба на центар за податоци во Финска.

На прес-конференцијата зборуваше за економските резултати на неговата администрација, истакнувајќи го растот на производството, инвестициите и вработувањето, како и падот на цените на нафтата и бензинот. Тој предупреди дека натамошното движење на цените на горивата ќе зависи и од преговорите со Иран.

– Иран сака договор, но не сака таков каков што би бил прифатлив за мене. Ние сакаме вистински договор, а не лажен. Тие ги мамат луѓето веќе 51 година – рече Трамп.

Тој рече дека САД создале ново богатство во вредност од 25 трилиони долари откако тој се вратил на власт, но дека четири трилиони долари биле изгубени по неодамнешните избори, затоа што победиле демократите.

Трамп повторно ја критикуваше американската централна банка поради превисоките каматни стапки, тврдејќи дека тие го забавуваат економскиот раст.

Најголемиот дел од своето обраќање го посвети на царините и враќањето на индустријата во САД. Тој изјави дека, благодарение на неговата политика, се градат илјадници нови фабрики и најави големи инвестиции од страна на „Ауди“ и „Тојота“.

– Тие ни ја украдоа автомобилската индустрија. Германија, Јапонија, Јужна Кореја, Канада, Мексико. Сега сите тие се враќаат – рече Трамп.

Тој рече дека „Форд“ – компанија за која се известуваше дека планира да затвори една од своите најстари фабрики во Детроит – сега работи седум дена во неделата и планира да го прошири производството.

Доналд Трамп тврдеше дека постигнал договор во врска со Гренланд, притоа изразувајќи благодарност до Данска и до генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

– Како што знаете, го добивме Гренланд. Тоа беше одобрено вчера. Сите велеа: ’Никогаш нема да го добиете‘. Па, ете, го имаме. И тоа ни обезбедува огромна заштита – рече Трамп.

Трамп изјави дека постигнал договор со Филипините, според кој тие во иднина ќе ги купуваат сите енергенси и земјоделски производи од САД, наместо од други добавувачи.

– Ги прашав: Ако Кина ве нападне, дали Бразил ќе ви помогне? Не верувам – рече Трамп, објаснувајќи како ги убедил филипинските власти да се откажат од другите добавувачи.

Според него, Филипините се согласиле 100 отсто од земјоделските производи и енергенсите да ги набавуваат од САД.

Трамп повторно изрази жалење што не ја добил Нобеловата награда за мир, тврдејќи дека спречил осум војни.

– Ја запрев војната меѓу Тајланд и Камбоџа. Дали ја добив Нобеловата награда? Не ја добив. Но, спасив многу животи – рече тој.

Тој тврди дека лидерите на двете земји му се заблагодариле, а дека Тајланд испратил писмо до Нобеловиот комитет.

Трамп изјави дека се приближува кон трговски договор со Мексико, но предупреди на проблемот со криминалните картели.

– Ѝ реков на Клаудија Шеинбаум дека картелите управуваат со Мексико. Не смееме да дозволиме тоа да се случи, тие се наши соседи – рече тој.

Тој, исто така, остро ја критикуваше Канада, тврдејќи дека таа со децении ги искористува САД.

– Канада нè краде веќе многу, многу години. Време е тоа да престане – рече Трамп, додавајќи дека канадските претставници се меѓу најтешките преговарачи со кои се соочил.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖