ТРАМП Е ЗАГРИЖЕН ОД СИТУАЦИЈАТА ВО САД

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Le président français Emmanuel Macron recoit le président américain élu Donald Trump et le président ukrainien Volodymyr Zelenskiy au palais de l'Élysée après une réunion trilatérale dans le cadre des cérémonies de réouverture de la cathédrale Notre-Dame de Paris, cinq ans et demi après l'incendie, à Paris, France, le 7 décembre 2024. © Christian Liewig /Bestimage French president Emmanuel Macron meets U.S. President-elect Donald Trump in Paris, Volodymyr Zelenskiy will travel to Paris to attend the re-opening of Notre-Dame cathedral on Saturday, and use the trip to hold talks with U.S, at the Elysee presidential Palace in Paris, France, on December 7, 2024. © Christian Liewig/Bestimage 4.,Image: 944375214, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no
- Advertisement -
Ad image

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше актуелната влада во САД, нарекувајќи ја земјата под актуелното раководство „катастрофа“ и „смешка“ во очите на светот.

На платформата  Трут сошл, Трамп ја обвини актуелната влада за политика на отворени граници, како и за слабо и неефикасно лидерство, што, како што рече, доведе до сегашната ситуација.

Тој посебно ги критикуваше Министерството за правда, ФБИ и демократите на државно и локално ниво, обвинувајќи ги дека не ја извршуваат својата работа.

Според него, наместо да ги штитат Американците, овие институции се фокусирале на „незаконски напади“ врз него и ги игнорирале заканите и насилството, како однадвор, така и од дома.

– Демократите треба да се срамат од самите себе што дозволија тоа да и се случи на нашата земја – рече Трамп и предупреди дека ситуацијата е сериозна, поради што, посочува, неопходно е да се вклучи ЦИА „пред да биде предоцна“.

Тој заклучи дека само силата и моќното лидерство можат да ја запрат критичната ситуација во САД.

„Се гледаме на 20 јануари. Да ја направиме Америка повторно голема!“, порача новоизбраниот претседател Трамп на социјалната мрежа, 18 дена пред неговата официјална инаугурација.

Share This Article