Претседателот на САД Доналд Трамп ги додаде зборовите „и Украина“ во својата објава на заедничкото соопштение со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Со измената, повикот за избегнување дејства што би ја прошириле војната ги опфати двете завојувани страни, објави „Политико“.
Во првичната верзија, објавена од Белата куќа и НАТО по средбата на 25 ноември во Мар-а-Лаго, предупредувањето се однесуваше само на Русија. Таа формулација остана на страницата на Алијансата.
Неколку часа подоцна, Трамп на „Трут соушал“ објави верзија во која и Москва и Киев се повикуваат да избегнуваат постапки што намерно или ненамерно би ја прошириле војната. Го задржа и повикот за што побрзо мирно решавање на конфликтот.
Неименуван функционер на НАТО изјавил за „Политико“ дека оригиналот бил официјално договорен меѓу двете страни. Медиумот наведува дека Трамп самостојно ја изменил формулацијата во својата објава.
Истиот ден, американскиот претседател објави и посебна порака за разговорите со рускиот претседател Владимир Путин во Кина. Според АФП, Трамп навел дека побарал повлекување на руската воена агресија против територии низ Европа, со цел побрзо постигнување мировен договор.
„Навистина верувам дека постои голема можност за тоа“, напиша Трамп.
Оваа објава се однесува на неговиот разговор со Путин, за кој подоцна Трамп го информирал Руте. АФП ја пренесе како поостра порака кон рускиот лидер, кого Трамп претходната недела го нарече свој пријател.
На средбата во Флорида, Трамп и Руте разговарале и за конфликтот во Иран, зголемувањето на трошоците за одбрана и вложувањата во воената индустрија во САД и во земјите на НАТО.
Tagged as:
ТРАМП ДОПИША 2 ЗБОРА ВО ПОРАКАТА СО НАТО
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
