Трамп: Договараме средба со Путин

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
MIAMI, FLORIDA - MAY 05: Donald Trump talks on the phone in the McLaren garage prior to the F1 Grand Prix of Miami at Miami International Autodrome on May 05, 2024 in Miami, Florida. Clive Mason/Getty Images/AFP (Photo by CLIVE MASON / GETTY IMAGES NORTH AMERICA / Getty Images via AFP)
- Advertisement -
Ad image

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави во четвртокот дека се организира средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.

-„Тој сака да се сретнеме, а ние го договориме тоа. Тој дури тоа го кажа јавно и мораме да ставиме крај на оваа војна“, рече Трамп пред средбата со републиканските гувернери во Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида.

Истовремено, тој не понуди временска рамка во која треба да се одржи оваа средба.

Враќањето на Трамп во Белата куќа на 20 јануари ги зголеми надежите за дипломатско решение за ставање крај на инвазијата на Москва на Украина која започна во февруари 2022 година, но и ги подгреа стравувањата во Киев дека брзиот мировен договор може да има висока цена за Украина, анализира Ројтерс.

Имено, некои од советниците на Трамп изнесоа одредени предлози за завршување на војната, со што во догледна иднина практично ќе и се остават големи делови од земјата на Русија.

Од почетокот на руската инвазија, САД под претседателот Џо Бајден и обезбедија на Украина воена и безбедносна помош вредна повеќе од 175 милијарди долари. Сепак, неизвесно е дали помошта ќе продолжи со тоа темпо под Трамп, кој рече дека сака брзо да ја заврши војната.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно во четвртокот изјави дека Путин ќе ја поздрави желбата на Трамп за контакт, но дека досега нема официјални барања. „Посоодветно би било прво да се чека Трамп да ја преземе функцијата“, рече Песков.

Share This Article