Background

Тошковски за истрагата за пожарот во Кочани

Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, изјави министерот за внатрешни Панче Тошковски кој денеска престојуваше во Штип.

Тој истакна дека не би имал што други да додаде, бидејќи истрагата трае.

-Во овој момент истрагата трае, се собираат докази, се постапува по насока на Јавното обвинителство, штом има нови моменти јавноста од страна на Јавното обвинителство ќе биде запознаена за сите оние чекори коишто ќе следат во иднина -рече Тошковски.

- Advertisement -
Ad image

Тошковски одговори и за истрагите за опожарените возила низ државата.-Во однос на дел истрагата е затворена и се поднесени се обвиненија. Во однос на дел од постапките коишто се водат во Министерството за внатрешни работи во соработка со Јавно обвинителство се собираат докази, се постапува. Така да за секој предмет за којшто има затворено истрага обезбедени се докази, истите се процесуирани и се надевам дека најбрзо што може ќе се постапи од страна на судовите и ќе се донесат осудителни пресуди за сите оние коишто сториле таков тип на злодело – рече Тошковски.

Тошковски денеска во Штип присуствува на 14. Годишно собрание на ИПА Македонија, кое е од меѓународен карактер.

Тој рече дека очекува членовите на Меѓународното полициско здружение-ИПА Македонија ќе разменат искуствата, идеи и програми со гостите кои денеска се во Штип, а се со цел како подобро да соработуваат меѓу себе и како да допринесат во општеството со сите нивни активности.

Претседателот на ИПА Македонија, Игно Стојков истакна дека ова меѓународно здружение е формирано во 1950, а во нашата земја е основано во 2011 година. Членовите се активни, пензионирани и поранешни припадници на МВР, Агенцијата за национална безбедност, Финансиската полиција, ОТА и членови на други безбедносни институции во Македонија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation