Тошковски со апел до полицијата за возачките дозволи и личните карти

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од Групчин, Тетово, порача дека полицијата ќе се фокусира на опоменување, а не казнување на граѓаните кои сè уште користат лични документи со старото уставно име. Според него, голем дел од документите, како возачките дозволи и пасошите, се веќе заменети со новото уставно име.

Тошковски нагласи дека граѓаните не треба да трпат штета поради, како што ги нарече, „погрешните политики на претходната власт.“

– Огромен број од возачките дозволи се веќе заменети. Еднаш упатив јавен апел до сите полициски службеници дека не треба македонските граѓани да бидат казнувани заради тоа што во минатото имало политичари коишто не си ја сакале државата. Упатувам апел да ги применат законските одредби за опомена и укажување на сите оние кои во овој адаптибилен период сè уште користат возачка дозвола која е важечка според рокот, но не е усогласена со законот – изјави Тошковски.
Тој додаде дека полициските службеници треба да постапуваат внимателно, применувајќи ги одредбите за опомена, за да не се казнуваат граѓаните поради минатите пропусти.

Министерот ги појасни и правилата за користење на старите лични карти.

– Врз основа на важечка лична карта, граѓаните може да ја напуштат земјата и да се движат во државите со кои имаме билатерални договори. Личната карта може да стане неупотреблива само ако тоа го констатира државата соодветно на закон. Во моментот таков акт не постои, па сите важечки лични карти ќе може да се користат во рамки на нивниот рок на важност – објасни Тошковски.

Министерот оцени дека огромен дел од пасошите се издадени согласно новото уставно име. Тој додаде дека процесот на издавање на документи се одвива без метеж и поголеми проблеми.

Share This Article