Истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ е при крај и за многу краток период таа ќе биде завршена, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој денеска беше во посета на СВР Охрид и Регионалниот центар Запад.
– Истрагата, која што се води од страна на Јавното обвинителство, сето она што е преземено досега е споделено со јавноста, истрагата сѐ уште е во тек. МВР постапува по насоки, добиени од ОЈО. Се надевам дека за максимално краток временски период ќе завршиме со целокупната истрага за да се продолжи со понатомошниот тек на постапката – рече Тошковски.
Се вештачат над 70 мобилни телефони и околу 30 дестоп и лаптоп комјутери, се прават проверки и анализи за истрагата во Кочани. Течат и оние 300 распити кои ги најави обвинителството, со цел да се утврди вината и за кобниот 16 март, но и системските пропусти кои се правеле од институциите во континуитет една деценија.