Background

ТЕШКИ СУДИРИ СО ПОЛИЦИЈАТА ВО ТИРАНА, ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ РАМА ЕСКАЛИРАА

Илјадници граѓани излегоа на улиците на Тирана во саботата, 28 ноември, на масовен антивладин протест на кој беше побарана оставка од премиерот на Албанија, Еди Рама.

Демонстрациите, организирани во рамките на поширокото студентско и граѓанско незадоволство, почнаа на плоштадот Скендербег, но мирниот собир набрзо прерасна во екстремно насилни инциденти и тешки судири со полицијата. Протестот се одржа на Денот на независноста на Албанија, кога земјата ја одбележуваше 114-годишнината од прогласувањето на независноста.

Ситуацијата ескалираше кога групи демонстранти, меѓу кои имаше и маскирани лица, почнаа да фрлаат камења, пиротехнички средства и молотови коктели кон полициските кордони и државните институции. Беа оштетени објекти на министерства, зградата на Градското собрание, Народниот куклен театар и Банката на Албанија. Дел од демонстрантите се обидоа да се приближат до канцеларијата на премиерот Рама, но беа спречени од полициските сили.

- Advertisement -
Ad image

 

 

Полицијата интервенираше со солзавец, водени топови и со гумени куршуми за да ги растера насобраните демонстранти.

Судирите се проширија на повеќе улици во центарот на главниот град, а чадот од солзавецот и запалените предмети ја исполни околината. Според извештаите на медиумите, насилните инциденти продолжија со часови. Беа забележани и напади врз повеќе полициски возила и кршење на уличните камери.

Според албанското Министерство за здравство, до 18 часот медицинска помош побарале 35 лица. Меѓу повредените има 12 полицајци, 13 демонстранти, 6 медиумски работници, тројца случајни минувачи и еден припадник на обезбедувањето. Дел од повредените се пренесени во Универзитетската трауматолошка болница, а 5 лица биле згрижени во Универзитетската болница „Мајка Тереза“. Министерството соопшти дека пациентите кои останале на лекување се во стабилна состојба.

По протестот следуваа и апсења од полицијата. Според соопштението на албанската полиција, уапсени се 12 лица, додека против уште 19 лица се покренати кривични постапки. Тие се сомничат за напад врз полициски службеници, употреба на молотови коктели и пиротехнички средства, оштетување јавен имот и попречување на сообраќајот. Полицијата соопшти дека истрагата продолжува и дека се идентификуваат и други учесници во насилните инциденти.

 

Вчерашните протестите се дел од повеќемесечното незадоволство во Албанија кое започна во мај, првично поради спорниот проект за луксузен туристички комплекс на албанскиот брег, поврзан со инвестициска компанија основана од Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. Подоцна во протестното движење се приклучија и студентите, кои бараат подобри услови во образованието, повисок животен стандард и поголеми можности за младите. Незадоволството се прошири и со обвинувања за корупција, невработеноста, иселувањето и лошите јавни услуги. Барањата на демонстрантите во меѓувреме се проширија и сега во центарот на протестите е оставката на Еди Рама и промена на политичкиот систем.

Владата на Рама ги отфрла обвинувањата за корупција и повикува на дијалог, а премиерот го брани спорниот туристички проект, тврдејќи дека е законски и дека природните живеалишта ќе бидат заштитени.

Албанскиот претседател Бајрам Бегај повика на смирување на тензиите, нагласувајќи дека протестот е уставно право, но дека насилството, уништувањето и принудата не се решение.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖