Тешка сообраќајна несреќа утрово го блокираше магистралниот пат Битола-Прилеп, во близина на мостот на реката Шемница. Во верижен судир учествувале 4 возила.
Сообраќајот на оваа делница е во целосен прекин од 9 часот.
Веднаш по добиената пријава, на терен излегле екипи на СВР Битола, Територијалната противпожарна единица Битола и Службата за итна медицинска помош.
Во Клиничката болница во Битола со тешки телесни повреди итно биле пренесени осум лица.
На еден од повредените му се врши операција поради сериозноста на повредите. Шестмина се задржани на Одделението за хирургија, а двајца се хоспитализирани на Одделението за ортопедија. Сите, освен оперираното лице, се во стабилна состојба.
Од Противпожарната единица Битола потврдија дека и покрај силината на верижниот судир, за среќа не избувнал пожар на ниту едно од четирите возила.
На местото на несреќата во тек е детален увид предводен од полициски екипи на СВР Битола и надлежен јавен обвинител, по чие завршување се очекува да бидат соопштени официјалните причини за несреќата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
