Background

ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП

Во Македонија во периодот од 26 октомври до 1 ноември се пријавени 116 случаи на грип и заболувања слични на грип, што претставува зголемување од 90,2 отсто во однос на претходната недела, кога биле регистрирани 61 случај, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во споредба со истиот период од минатата сезона, кога биле регистрирани 94 заболени лица, бројот на случаи е зголемен за 23,4 отсто.

Најмногу заболени во текот на изминатата недела се пријавени во Тетово – 48, Куманово – 26 и во Скопје – 13. Во Прилеп и во Гостивар се регистрирани по 8 случаи, во Охрид и во Неготино по 3, во Струмица, Велес и Битола по 2, а во Радовиш еден случај.

- Advertisement -
Ad image

Според возрасните групи, најголем дел од заболените се на возраст од 15 до 64 години – 84 лица, додека 25 се постари од 65 години, а 7 се деца на возраст од пет до 14 години.

Од почетокот на сезоната 2026/2027 вкупно се регистрирани 343 случаи на грип и заболувања слични на грип, што е за 1,5 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата сезона. Најголем број заболени, вкупно 127, се регистрирани во Тетово.

Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ во последната извештајна недела биле тестирани 47 примероци, од кои 4 биле позитивни на вирусот на грип, а еден на коронавирусот SARS-CoV-2.

Од Институтот посочуваат дека и покрај зголемувањето на бројот на случаи активноста на грипот сè уште е на меѓусезонско ниво и не е достигнат епидемиолошкиот праг за почеток на сезоната на грип.

Од ИЈЗ препорачуваат избегнување близок контакт со лица што имаат симптоми на респираторни инфекции, како кашлање, кивање и покачена телесна температура, како и избегнување престој во простории со многу луѓе.

Меѓу препорачаните мерки се редовно миење на рацете со вода и сапун или користење средство за дезинфекција, често проветрување на просториите, соодветно облекување и консумирање доволно течности. Се препорачуваат и разновидна исхрана богата со витамини и минерали, доволно сон, одмор и физичка активност.

За лицата што ќе заболат од грип, ИЈЗ препорачува да останат дома, да избегнуваат контакти со други лица и да внесуваат доволно течности. При кашлање и кивање треба да ги покриваат носот и устата, да одржуваат хигиена на рацете и да носат заштитна маска при контакт со членовите на домаќинството.

Лицата постари од 65 години, оние со хронични заболувања, како и лицата кај кои симптомите се влошуваат или траат повеќе денови, треба да побараат лекарска помош.

Од Институтот потсетуваат дека вакцинацијата е најефикасната заштита од сезонски грип, особено за ризичните групи, во кои спаѓаат лицата над 65 години, децата на возраст од шест до 59 месеци, лицата со хронични заболувања, бремените жени и здравствените работници.

Вакцинацијата во Македонија започна на 21 октомври и се спроведува во центрите за јавно здравје, нивните подрачни единици и здравствените домови. Закажувањето за бесплатните вакцини се врши преку интернет-страницата www.vakcinacija.mk.

Досега се вакцинирани 11.629 лица од ризичните категории.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖