Background

Тејлор Свифт и Тревис Келси подготвуваат десетчасовен спектакл со 1.000 гости

Свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси, веќе наречена „американска свадба на векот“, го претвори Њујорк во сцена на огромен медиумски и фанатички спектакл. Главната прослава е закажана за 3 јули (денеска, петок) во „Медисон сквер гарден“, а според најновите информации на Page Six, големото изненадување е дека поп-ѕвездата и славниот играч на американски фудбал можеби веќе формално се венчале во тесен круг на најблиските.

Ако овие информации се точни, настанот во Њујорк ќе биде грандиозна свадбена прослава пред повеќе од 1.000 гости, каква што американската шоу-бизнис сцена одамна не видела. Свадбениот викенд започна во четвртокот со пробна вечера за околу 100 членови на семејствата и најблиски пријатели. Според објавениот распоред, вечерата во „Инфосис театарот“, во комплексот на „Медисон сквер гарден“, траела од 18 до 22.30 часот. МН:

Ова е распоредот, да не задоцните некаде…

Папараците веќе забележаа дел од гостите, меѓу кои Селена Гомез, Лена Данам, Џек Антоноф, Џиџи Хадид и Бредли Купер, како и блиски пријатели од страната на Келси. Просторот бил исполнет со цвеќе и зеленило, а фотографиите од подготовките покажуваат дека организаторите се обидуваат индустрискиот амбиент на арената целосно да го преобразат.

- Advertisement -
Ad image

За главниот ден е подготвен прецизен десетчасовен распоред. Вратите за гостите треба да се отворат во 15.30 часот, коктелот е планиран за 16 часот на шестиот кат, а церемонијата за 17.30 часот на подот на арената. Приемот треба да започне во 18.30 часот, а забавата, според информациите што протекоа во медиумите, ќе продолжи до 2 часот по полноќ.

Се очекува Свифт во текот на вечерта да промени неколку фустани и модни комбинации, по моделот на нејзините сценски трансформации на турнејата „Ерас“.

„Медисон Сквер Гарден“ во свадбено руво

Околу декорацијата со денови кружат различни информации. Во „Медисон сквер гарден“ беа внесувани огромни бели скали, големи количества зеленило, ткаенини за прекривање на внатрешните ѕидови и други конструкции. Се појавија и информации дека во арената се гради огромен дворец од бајките, но извор на People го демантираше тоа тврдење, објаснувајќи дека конструкцијата „не е дворец“, иако изгледа многу посебно.

На дел од доставените материјали стоела шифрираната ознака „Гарден парти“, што дополнително ја разгоре љубопитноста на медиумите и обожавателите. Списокот на гости личи на пресек на американската музичка, филмска, модна и спортска елита. Меѓу очекуваните гости се Селена Гомез, Сабрина Карпентер, Ед Ширан, Зои Кравиц, Џиџи Хадид, Суки Вотерхаус, сестрите Есте, Даниел и Алана Хаим, Ема Стоун, Софи Тарнер, Кара Делевињ и Карли Клос. Од страната на младоженецот се очекуваат бројни соиграчи и пријатели од НФЛ, како и луѓе од стручниот штаб на Канзас Сити Чифс. Медиумите шпекулираат и за можни настапи на Стиви Никс и Тим Мекгро, а се споменуваше и името на Пол Макартни. Посебна приказна се мерките за тајност и безбедност.

 

Околу арената се воведени ограничувања во сообраќајот, а улиците во непосредната околина се под засилено полициско обезбедување. Според „Гардијан“, ангажирани се повеќе од 130 полицајци, додека од гостите, според медиумските извештаи, се бара строга дискреција, потпишување договори за доверливост и избегнување употреба на мобилни телефони за снимање во одредени делови од прославата. Изборот на „Медисон сквер гарден“ се објаснува и со можноста славните гости да пристигнуваат и заминуваат преку затворени и подземни пристапи, далеку од папараците.

Возбуден е и градоначалникот Зохран Мамдани

Возбудата во Њујорк е огромна, а свадбата се одржува во особено бурен викенд: градот се подготвува за прославата на 250-годишнината од американската независност, истовремено со топлотен бран и голем број туристи.

Градоначалникот Зохран Мамдани дури се пошегува на прес-конференција, советувајќи ги Њујорчани да останат во климатизирани простории и додавајќи дека „ако случајно се венчавате во Медисон сквер гарден, ќе бидете внатре и ќе ви биде свежо“. Неговата забелешка беше сфатена како уште една индиректна потврда за настанот што со недели се чуваше во тајност.

А што има во манџата?

Пред арената веќе се собираат љубопитни граѓани, туристи и обожаватели на Свифт, а секое пристигнување на камион, секое парче декорација и секое затемнето возило стануваат вест на социјалните мрежи. Американските медиуми атмосферата ја споредуваат со мешавина од кралска свадба и Битлманија.

Дополнителен интерес предизвикува фактот што ниту Свифт ниту Келси јавно не ги потврдуваат деталите, па практично секој час се појавуваат нови информации, деманти и шпекулации. Дури и храната стана предмет на медиумско следење. Фоторепортерите регистрираа испораки на големи количества намирници и готови производи, од месо и морски плодови до зеленчук, млечни производи и слатки. Засега нема официјално објавено мени, но обемот на доставите покажува колку е сложена логистиката за прослава со повеќе од илјада гости. За настанот се подготвува цела мала индустрија од кетеринг-компании, декоратери, обезбедување, музичари и технички екипи.

Свадбениот викенд е кулминација на љубовната приказна што започна во 2023 година и брзо прерасна во еден од најследените односи во светот на забавата и спортот. Без оглед дали Тејлор Свифт и Тревис Келси веќе тајно ги размениле брачните завети или тоа ќе го направат пред гостите во Њујорк, спектаклот во „Медисон сквер гарден“ веќе има статус на глобален поп-културен настан.

Во градот каде што секојдневно се случуваат големи настани, овој викенд сепак има само една тема за која зборуваат сите — свадбата на најпознатата пејачка на светот и една од најголемите ѕвезди на американскиот фудбал.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation