Background

Масовна тепачка меѓу власта и опозицијата ја прекина седницата

Масовна тепачка меѓу пратениците од власта и опозицијата ја прекина седницата на ерменскиот парламент. Во салата се разменувале удари, биле фрлани столови и превртувани маси, а по инцидентот неколку пратеници биле повредени. Морало да интервенира парламентарното обезбедување.

Судирот избувнал за време на расправата за именување член на Комората на ревизори, институција што го надгледува трошењето на јавните пари. Во тепачката учествувале пратеници од владејачката партија „Граѓански договор“, предводена од премиерот Никол Пашинјан, и од опозициската партија „Силна Ерменија“.

Според извештаите на ерменските медиуми, тензиите започнале за време на говорот на пратеникот од владејачката партија Тарон Чахојан, кој го коментирал политичкиот ангажман на членовите на семејството на опозицискиот лидер Нарек Карапетјан.

- Advertisement -
Ad image

Карапетјан реагирал со навредливи дофрлања од пратеничката клупа, по што вербалната расправија брзо прераснала во физичка пресметка. Пратениците станувале од местата, се удирале со тупаници и клоци, а во салата летале и столови.

Во инцидентот бил повреден опозицискиот пратеник Андраник Геворгјан, кој имал раскрвавен нос, додека на неговиот колега Рубен Мхитарјан му била искината облеката. Била повикана и итна медицинска помош, но службата подоцна соопштила дека повикот не резултирал со укажување медицинска помош.

 

 

Претседавачот со седницата, Рубен Рубињан, првично одбил да прогласи пауза, велејќи дека сака јавноста да види како се однесуваат пратениците.

– Намерно не прогласувам пауза за да можат сите да видат што се случува – рекол Рубињан, повикувајќи ги пратениците да одлучат дали ќе продолжат да се тепаат или ќе се вратат на своите места.

Бидејќи судирот продолжил, седницата била прекината, а во салата било повикано обезбедувањето. Според медиумските извештаи, пресметката продолжила и во ходниците на парламентот.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан го осудил насилството, но истовремено ја обвинил опозицијата за инцидентот и ги поддржал постапките на пратениците од неговата партија.

Осврнувајќи се на фрлањето стол од страна на негов сопартиец кон опозициските пратеници, Пашинјан изјавил дека таквата реакција била пропорционална и оправдана.

Ова е втор физички судир меѓу пратениците од власта и опозицијата во ерменскиот парламент во текот на октомври. Сличен инцидент се случил и на 6 октомври, кога исто така морало да интервенира обезбедувањето.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖