Таткото го оставил својот седумгодишен син сам на планината Фуџи неколку часа, само со шише сок и ужина, по што продолжил со искачувањето со постарото дете, објавија јапонските медиуми.
Детето било пронајдено како седи само на клупа на највисоката планина во Јапонија, во магливо и дождливо време, на надморска височина од над 2.000 метри.
Неговиот татко (48) наводно му рекол да „почека тука“ откако момчето се пожалило дека е уморно. Потоа продолжил да се искачува до врвот со својот постар син.
Вработените во планинарскиот дом го пронашле детето во близина на шестата станица од планинската рута кон врвот и ја известиле полицијата. Го пронашле таткото на осмата станица од рутата, наводно на околу 3 часа пешачење.
Полицијата го опоменала таткото кога се вратил од една од повисоките станици и повторно го сретнал својот син.
-Дури и ако тоа значи дека мора да се откажете од искачувањето на планината заедно, оставањето дете зад себе е неприфатливо- му рекол еден од полицајците, според „Јапан тудеј“.
Таткото наводно се извинил за својата „брза“ одлука.
Семејството наводно било на рутата Фуџиномија, која започнува од петтата станица на планината, место до кое може да се стигне со јавен превоз.
Според водичите за качување, потребни се околу пет часа пешачење од петтата станица до врвот, а дополнителни три часа за спуштање.
Фуџи, една од трите „свети планини“ во Јапонија. Таа е висока 3.776 метри и во последните години е место на голем број несреќи и проблеми со планинарите.
Фуџи е активен вулкан кој се наоѓа југозападно од Токио, а доби статус на светско наследство во 2013 година. Околу 200.000 луѓе се искачуваат на Фуџи секоја година, но некои рути имаат дневни ограничувања за бројот на алпинисти за да се спречи пренатрупаност.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
