Background

Пет тинејџери загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска додека се снимале како со украден автомобил возат во спротивна насока на автопат

Пет тинејџери загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска додека се снимале како со украден автомобил возат во спротивна насока на автопат.

Петте момчиња се возеле во украдено БМВ на автопат во округот Килдер  југозападно од Даблин, кога удриле во возило од спротивен правец во кое биле четири члена на едно семејство кои се тешко повредени.

Тинејџерите, на возраст меѓу 15 и 18 години, во изминатите денови ги „тероризирале“ локалните жители  со провали и кражби на автомобили.

- Advertisement -
Ad image

Тие често објавувале видеа како ги брка полицијата. Едно видео споделено пред нивната смрт го снима ретровизорот на автомобилот и е проследено со зборовите „погрешен пат“.

Возилото во кое се превезувале било украдено претходната ноќ и било забележано во неколку области во близина на Килдер пред да се случи несреќата.

Најновиот трагичен случај е дел од опасен тренд на објавување видеа од диво возење на TikTok и други платформи, што предизвика дебати за одговорноста на полицијата, судството и социјалните мрежи, пишува „Гардијан“.

Потрагата по возбуда и восхит од врсниците преку такво однесување не е нова, но социјалните медиуми го засилија феноменот, објаснува Мери Ајкен, професорка по форензичка киберпсихологија на Универзитетот во Источен Лондон.

– Би го опишала како хибридно однесување. Додека возат, тие истовремено снимаат содржина за подоцнежно објавување или емитување во живо. Тие имаат една нога во реалниот свет, а другата во киберпросторот. Размислуваат само за лајковите и како ќе изгледаат нивните лица – вели Ајкен, додавајќи дека овој виртуелен простор психолошки го преокупира човекот и може да го зголеми преземањето ризик и занемарување на последиците.

Минатата недела, на TikTok се појавија нови видеа од опасно возење, поттикнувајќи критики кон платформата. Компанијата одби покана да се појави пред медиумскиот комитет на ирскиот парламент. Претседателот на одборот, Алан Кели, ја нарече одлуката „шлаканица“ за ирската јавност. Во меѓувреме, други политичари бараат построги казни, како што е класифицирање на возењето во спротивна насока на автопат како обид за убиство.

Се актуелизира прашањето и за овластувањето на полиција, чии претставници пак велат дека тие може да се обидат да ги запрат таквите возачи, но дека целото општество: родителите, наставниците и социјалните работници, мора да интервенираат за да ги спречат младите луѓе со проблеми во однесувањето да тргнат по погрешен пат.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation