СВИКАНА ПЕТНАЕСЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14,14/14, 10/19 и 15/20), Претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕТНАЕСЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ петнаестата седница на Советот на општина Охрид на ден 30.09 2026 година (среда) со почеток во 09:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записникот од 14-та седница
- Предлог-одлука за давање согласност на годишен план за вработување на ЈП„Градски пазар“ – Охрид за 2027 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за изменување на одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП„Охридски комуналец“ – Охрид.
- Предлог-одлука за давање согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за дефинирање на начинот, постапката, условите и времетрањето за издавање под закуп на деловен простор – ресторан и деловни објекти – типизирани куќарки и простор околу истите со намена за продажба на свеќи и цвеќе.
- Предлог-одлука за избор на најповолен приватен партнер во постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за поставување на фотоволтаични централи на општински објекти на подрачјето на општина Охрид.
- Предлог-одлука за давање на времено користење недвижен имот-дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Биро за развој на образованието.
- Предлог-одлука за давање на трајно користење на сензори за мерење на исполнетост на контејнери со вклучен софтвер и вклучена бежична комуникација на ЈП„Охридски комуналец“ – Охрид.
- Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на камиони за собирање на смет-сопственост на општина Охрид на ЈП„Охридски комуналец“ – Охрид.
- Предлог-одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште.
- Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за формирање на повеќе градежни парцели во ГП 1.2 формирана во ЛУПД за ГП 1.2 со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија на дел од КП.бр.821/1 КО Косел, Општина Охрид.
- Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за ГП 1.3 од УПВНМ на дел од туристички локалитет Горица-Св.Стефан-Метропол-опфат 3, Општина Охрид.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на КП.бр.740/1 и КП.бр.738/1 КО Косел, објект 1 и објект 2.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на КП.бр.752/3 КО Косел, објект 1 и објект 2.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1029/1 КО Лескоец, објект 1.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1312, КП.бр.1317 и КП.бр.1318 КО Д.Лакочереј, објект 1.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на КП.бр.1076 КО Косел, објект 1, објект 2 и објект 3.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на КП.бр.2605/1 и КП.бр.857/13 КО Д.Лакочереј, објект 1 и објект 2.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на КП.бр.2672 КО Д.Лакочереј, објект 1 и објект 2.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на КП.бр.2528 КО Д.Лакочереј, објект 1, објект 2 и објект 3.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект 1 на КП.бр.2190 и помошен објект на КП.бр.2188, КО Д.Лакочереј.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1261 КО Лескоец, објект 1.
ОПШТИНА ОХРИД
ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
Број 08-12464/1
23.09.2026 год.
О х р и д