Background

Светско чудо во 21 век, Гостивар доби техничка вода, а среќата на граѓаните нема крај

Во една обична, сива, 2026 година, додека остатокот од светот се бори со вештачка интелигенција, вселенски летови и квантни компјутери, Гостивар постигна историски исчекор кој ќе се памети со генерации, водата од чешмите официјално стана техничка.

Да, добро прочитавте, техничка. Не пивка, не за готвење, туку токму онаа категорија вода која инаку служи за миење на алатки, ладење мотори и, ете сега веројатно и за туширање граѓани кои со право очекувале нешто повеќе од основно човеково право во 21 век.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, со тон на човек кој штотуку измислил атомска бомба, а не соопштил дека граѓаните конечно смеат да се капат, изјави дека по неколкукратни испитувања, стручните лица утврдиле, водата може да се користи за хигиенски потреби. Пиењето и готвењето, велат, ќе почекаат уште малку, можеби до следната серија анализи, можеби до следниот мандат.

- Advertisement -
Ad image

Тошковски не пропушти да заблагодари на гостиварчани за нивното разбирање, оти навистина, кој друг народ во Европа би им се заблагодарил на своите граѓани што со недели трпеле без чиста вода, а притоа тоа да звучи речиси како комплимент.

Стручните тимови зедоа шест примероци, ги тестираа три дена по ред, и конечно решија да и дадат на водата статус техничка, што во преводот на обичен народски јазик значи, добра е за миење садови, но не се обидувај да ја пиеш, освен ако немаш итна желба да ја провериш издржливоста на твојот стомак.

Во меѓувреме, министерот најави дека продолжува испораката на флаширана вода, зборот флаширана очигледно исто така сè уште чека финална потврда.

Ова е приказна достојна за учебниците, не за квалитетот на водоводната инфраструктура, туку за уметноста на пиар соопштенија, каде секое мало олеснување се презентира како тријумф, а срамот успешно се преправа во добра вест.

Затоа, драги гостиварчани, капете се слободно, миете садови без грижа, а водата за пиење, таа е веројатно некаде на пат, во некоја паралелна временска линија во која инфраструктурата функционира како што треба.

С.Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation