Од утре, 19-ти мај, Охрид ќе биде домаќин на еден од највозбудливите гастрономски настани годинава. Во организација на мрежата на Слоу Фуд (Slow Food) во Македонија, во градот пристигнува светскиот патник и кулинарски виртуоз, Шеф Филип Ондрушек.
Ондрушек, кој во својата богата кариера готвел во престижни ресторани со Michelin ѕвезди и подготвувал специјалитети за кралски семејства, денес е предводник на движењето за одржлива гастрономија. Неговата посета на Македонија е посветена на откривањето на автентичните македонски производи и промоција на концептот „Zero-Waste” (кујна без отпад).
За време на престојот во Охрид, Ондрушек ќе го посети зелениот пазар во Охрид, каде ќе се запознае со локалните производители и автохтоните намирници, а на на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, ќе одржи мастерклас каде студентите и професионалците ќе имаат уникатна можност да учат за современите техники на готвење и одржливоста во угостителството.
Во Винаријата „Манастир” ќе се одржи панел дискусија за иднината на зеленото угостителство и потенцијалот на македонската гастрономија.
Како круна на престојот, во ресторанот „Кај Каневче” (Bavča Kaneo), Шеф Филип ќе подготви ексклузивно мени инспирирано токму од охридските и македонските вкусови.
„Иднината на кујната е во балансот помеѓу традицијата и иновацијата. Македонија има неверојатно богатство од вкусови кои заслужуваат да бидат претставени на светската сцена,” вели Ондрушек пред својот почеток во Охрид.
Настанот е поддржан од Секторот за култура при Општина Охрид, Факултетот за туризам и угостителство, како и бројни локални партнери кои веруваат во моќта на локалната храна и одржливиот развој.
Ги покануваме сите љубители на добрата храна и професионалци од секторот да го следат ова гастрономско патување кое го слави најдоброто од нашата земја. За повеќе информации за овој екслузивен настан е задолжена Проф. д-р Ангела Паскуале.
Tagged as:
СВЕТСКИ ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ФИЛИП ОНДРУШЕК ЌЕ ПРЕСТОЈУВА ВО ОХРИД
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
