Собранието денеска го усвои Законот за младински додаток со кој на младите лица до 23 години и вработени во производните области ќе им се исплаќа младински додаток од 3.000 денари.
Пратениците дадоа поддршка и на Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, со кој се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ). Со измените, како што беше образложено, се менуваат одредени термини од постојниот закон согласно новите законски решенија.
Собранието донесе Одлука за испраќање припадник на Армија на Република Северна Македонија во меѓународната операција на Европска Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.
Собранието донесе заклучоци со кои констатира дека не се оправдани и дека нема потреба за автентично толкување на членови на неколку закони, по барања поднесени од пратениците Оливер Спасовски, Зоранчо Јованчев и Димитар Апасеиев, какои и неколку барања од градоначалникот на Општина Долнени.
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, информира дека собраниската седница ќе продолжи утре во 12 часот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
