Background

СВЕТСКИ ДЕН НЕ МЕНСТРУАЛНАТА ХИГИЕНА

Во текот на мај, Бести, најдобрата другарка, поддршка и глас на младите девојки во рамки на проектот „Никогаш повеќе сама“, на компанија dm drogerie markt, заедно со прим. д-р Искра Дукова, специјалист по гинекологија и акушерство и дел од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО, ги посети студентките на три локации во Скопје, каде што беа организирани едукативни работилници посветени на менструалното здравје и хигиена.

Средбите се одржаа на шести мај во студентскиот дом „Гоце Делчев“, на седми мај во студентскиот дом „Пелагонија“ и на 12 мај во Студентскиот културен центар, со повеќе од 50
присутни студентки на секој настан. Работилниците беа осмислени како отворен разговор помеѓу Бести, прим. д-р Искра Дукова и присутните.

– Преку работилниците сакавме да создадеме безбеден и отворен простор во кој студентките ќе можат да добијат стручни информации и да постават прашања без непријатност или
стигма. Бести е симбол на поддршка, блискост и разбирање, а со нејзиното физичко присуство ја зајакнуваме комуникацијата со младите и ја правиме темата за менструално
здравје подостапна и поприродна за разговор – изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникација во dm.

- Advertisement -
Ad image

Како дел од настаните, студентките имаа можност да дегустираат dmBio закуски и да добијат подароци, со што работилниците беа заокружени како едукативни, но и поддржувачки средби посветени на нивното здравје, информираност и секојдневна грижа.

По повод Денот на менструалната хигиена, dm подготви дополнителна активност и за купувачите. На 28 мај, во сите dm продавници, со сметка над 300 денари, секоја девојка и
жена на каса ќе добие Jessa подарок. Со оваа активност, dm сака да ја поттикне свесноста за важноста на менструалната хигиена и да овозможи дополнителна поддршка при изборот на производи за секојдневна грижа.

Во рамки на проектот „Никогаш повеќе сама“, во текот на месецот се пласира и едукативен видеосеријал со Бести, посветен на теми поврзани со менструалното здравје, хигиената,
митовите и табуата. Со тоа, пораките од работилниците продолжуваат да допираат до младите и преку дигитални канали, нудејќи информации во формат близок до нивните навики и секојдневие.

Иницијативата „Никогаш повеќе сама“ започна во октомври 2024 година, кога dm drogerie markt обезбеди бесплатен пристап до хигиенски влошки за студентките на државните факултети низ земјата преку поставување на повеќе од 220 диспанзери.

Во текот на студентската 2024/2025 година беа донирани 230.000 поединечни Jessa влошки, во вредност од 1,8 милиони денари, а поддршката продолжува и во академската 2025/2026 година со повеќе од 320.000 дополнителни поединечни Jessa влошки, чија вредност надминува 1 милион денари, како и со засилени едукативни активности преку видеосеријал, панел-дискусии и други содржини посветени на менструалното здравје како важен дел од грижата за младите жени.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation