Македонија и понатаму се соочува со негативен природен прираст и демографско стареење, при што во првото тримесечје од 2026 година негативен прираст е забележан во 66 општини низ земјава, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), додека истовремено се потврдува продолжување на трендот на намален наталитет и зголемена смртност.
Според податоците на ДЗС, во првите три месеци од годинава се родени 3.380 деца, што претставува пад од 4,1% во споредба со истиот период минатата година. Во истиот период, бројот на починати лица изнесува 5.342, што е намалување од околу еден% во однос на првиот квартал лани. Меѓу починатите се евидентирани и девет доенчиња.
Дополнителни податоци на Евростат покажуваат дека Македонија бележи континуиран пад на бројот на жители, што ја позиционира земјата меѓу државите со изразени негативни демографски трендови во Европа. Според европската статистика, бројот на жители се намалил за околу 14.500 лица во период од три години, од 1.837.114 жители во 2022 година, на 1.822.612 жители во 2025 година.
Како клучни фактори за ваквите движења се наведуваат негативниот природен прираст и иселувањето, тренд кој е присутен подолг период и влијае на демографската структура на земјата.
Во првиот квартал од годинава склучени се вкупно 1.797 бракови што, според податоците на Државниот завод за статистика, е намалување за 2,7% во споредба со истиот период од 2025 година.
Во првото тримесечје од годинава, пак, регистрирани се 494 разводи, што е зголемување од 6,2 % во споредба со истиот период од 2025 година.
Социологот Илија Ацески оценува дека проблемот е сложен и дека последиците веќе се чувствуваат, посочувајќи дека корените се поврзани со образовниот систем и промените во вредносните ставови кај младите генерации.
Во меѓувреме, Македонската православна црква најави формирање фонд за помош на многудетни семејства, додека Владата разгледува мерки како даночни олеснувања за мајки, поддршка за семејствата и зголемување на јавната свест за демографските предизвици.
Дополнително, институциите формираа и специјални механизми за следење на демографските движења, но според анализите, ефектите засега не се видливи во статистиката.
Новата власт веќе назначи и специјален советник за намален наталитет, а Министерството за труд доби проширени надлежности за демографија и млади. Сепак, засега нема видливи резултати.
Македонија останува меѓу земјите со сè поголем број пензионери и сè помал број новородени, што дополнително го продлабочува демографскиот ризик.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
