Две малолетнички нападнале девојче на улицата Сремски фронт во Кавадарци, при што едната ја држела, додека другата ја горела со цигара, тврди мајката на нападнатото девојче во пријавата до полицијата.
Нападот се случил на 16 ноември, а мајката, 35-годишната Е.К., го пријавила два дена подоцна, на 18 ноември, во полициската станица во Кавадарци.
Според пријавата, двете малолетнички заедно ја нападнале нејзината ќерка, при што едната ја држела, а другата ја горела со цигара.
За случајот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа во Кавадарци. Полицијата презема мерки за утврдување на сите околности и расчистување на нападот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
