Background

АЛЕКСАНДАР ЧУПИЌ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СРПСКОТО СОБРАНИЕ

Пратеникот Александар Чупиќ, кандидатот на Студентската листа, со 140 гласа „за“ е избран за нов претседател на Народното собрание на Србија, по тридневната расправа на конститутивната седница, во која се судрија новото парламентарно мнозинство и досегашната владејачка структура предводена од Српската напредна партија и Александар Вучиќ.

Изборот на Чупиќ го означува и формалното преземање на раководството на парламентот од страна на политичката структура што произлезе од студентското движење и двегодишните протести во Србија.

Седницата почна во вторникот, 17 ноември, кога беа потврдени мандатите на сите 250 пратеници, а продолжи со расправа за изборот на претседател на парламентот. За функцијата беа предложени двајца кандидати: Александар Чупиќ, од Студентската листа и Стојан Раденовиќ, кандидат на листата Александар Вучиќ – Србија победува.

- Advertisement -
Ad image

Расправата ја одбележаа остри политички препукувања, обвинувања и процедуралните забелешки, како и долгите обраќања и говори на Вучиќ, кој како пратеник и шеф на пратеничката група на својата листа го искористи парламентарниот говор за да зборува за низа политички теми. Неговите настапи во голема мера беа игнорирани од пратениците на Студентската листа, кои претежно не влегуваа во полемика со него и не му го споменуваа името.

Политичката конфронтација продолжи и околу распределбата на раководните функции во парламентот. Студентската листа не им даде потпретседателски места на претставниците на опозициската СНС.

На ова особено остро реагираше Миленко Јованов, заменик-шеф на пратеничката група Александар Вучиќ – Србија победува. Тој обвини дека опозицијата се исклучува од раководењето со парламентот и дека не ѝ се дава место ниту во собраниските одбори и парламентарните делегации. Јованов оцени дека станува збор за преседан, бидејќи по повеќе од 30 години, претставниците на дел од граѓаните за првпат се исклучуваат од управувањето со парламентот. Ова прашање отвори нов фронт во односите меѓу новото мнозинство и поранешната владејачка партија.

И на денешниот, трет ден од седницата расправата продолжи во атмосфера на силни меѓусебни обвинувања, со долги обраќања на Вучиќ и напади врз пратениците на Студентската листа.

Особено остар беше неговиот судир со Јово Бакиќ, шефот на пратеничката група на Студентската листа. Бакиќ ги критикуваше досегашните власти и медиумите блиски до нив, а Вучиќ возврати со навреди, нарекувајќи го Бакиќ „лажго“ и „криминалец“. Во еден момент Вучиќ рече дека ќе поднесе оставка од пратеничката функција, бидејќи, како што изјави, не може да ги гледа своите политички противници и дека тие се „слика и прилика на неговиот пораз“.

Пред гласањето, претседавањето го презеде пратеничката Нада Мацура, бидејќи дотогашниот претседавач Стојан Раденовиќ беше еден од кандидатите за претседател на Собранието.

Пратениците едногласно одлучија изборот да се спроведе со јавно гласање, преку прозивка. За Александар Чупиќ гласаа 140 пратеници, додека неговиот противкандидат Стојан Раденовиќ доби 97 гласа. Двајца пратеници беа воздржани.

По објавувањето на резултатите, пратениците на Студентската листа аплаудираа, а поголемиот дел од пратениците на СНС ја напуштија салата.

Чупиќ по изборот порача дека ќе работи на враќање на достоинството на парламентот.

Новиот претседател на српскиот парламент Александар Чупиќ е роден во 1978 година во Прокупље, Србија. Тој е универзитетски доцент на Сообраќајниот факултет при Универзитетот во Белград, на Катедрата за поштенски сообраќај и мрежи. На студентската изборна листа беше на 51. место. Покрај академската кариера, се занимава и со органско производство на овошје и зеленчук. Јавноста пошироко го запозна по гестот кога на своето земјоделско стопанство во Сопот прими студенти кои пешачеа кон Крагуевац за време на студентските протести. Подоцна и самиот им се приклучи на студентските маршеви. Чупиќ е оженет и татко на шест деца.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖