Background

Судијата Ивица Стефановски рече дека Панчевски ја одбил поканата која уредно му е доставена за да сведочи денеска

Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за киднапирањата и за суровите убиства на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски на денешното рочите се откажа од барањето да се повика да сведочи извесен професор Мартин Панчевски, со кој тој наводно чекал ред во банка на 27 ноември 2023 година, денот кога е убиена Вања.

Судијата Ивица Стефановски рече дека Панчевски ја одбил поканата која уредно му е доставена за да сведочи денеска, па затоа на некое од наредните рочишта ќе го приведе за да сведочи. Кога слушна дека неговиот сведок стражарно ќе биде приведен на суд, Палевски рече дека се откажува од барањето тој да сведочи.

Судијата Стефановски рече дека судскиот доставувач го известил дека поканата за сведочење уредно му ја однел на сведокот, но тој се однесувал агресивно и не сакал да ја прими, па затоа му ја оставил непотпишана во поштенското сандаче.

- Advertisement -
Ad image

Овој сведок требаше да му даде алиби на Палевски за дел од претпладнето на 27 ноември 2023 година. Според Палевски, тој утрото разговарал преку телеграм со член на партијата, а потоа околу 10.30 отишол до банка, каде долго чекал ред и ја изврил уплатата во 11.44 часот. Додека чекал, стоел со Панчевски и разговарале.

На барање на одбраната на Палевски судијата Стефановски на едно од минатите рочишта рече дека ќе се обиде да ги прибави снимките од видеонадзорот во банката на критичниот ден во периодот од 9 до 12 часот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation