Топ Вести - Слушај сега
Охридакај · 18 април 2026
Рочиштето од 17 април 2026 пред Основен суд Битола само ги продлабочи прашањата со кои нашата редакција се занимава од ноември 2025 година. Одложувањето на испитното рочиште за 12 јуни 2026 дојде откако Охридскај однапред предупреди дека истото ќе биде одложено. Но клучниот проблем не е роковникот , туку она што се случува зад затворени врати.
Стечајната постапка CT-52/25 ја води стечаен судија Иван Колевски, избран за судија во Основен суд Битола во 2023 година. Согласно јавно достапните биографски податоци, Колевски дипломирал на Правниот факултет во Скопје и го завршил магистериумот на Универзитетот во Виена во областа на меѓународното бизнис право. Претходно работел како судски соработник во Апелациониот суд во Битола.
Во текот на постапката, нашата редакција, но и други медиуми, покренаа низа прашања за одлуките донесени под негово раководство:
Документирани прашања за постапувањето
На сите овие прашања, нашата редакција побарала коментар од судијата Колевски. До моментот на објавување, одговор не е добиен.
Она што официјалниот записник не го содржи е, според информациите на Охридскај, барање поставено на рочиштето од 17 април. Даница Цутеска и Владе Пазаркоски, претставници на Финансиско друштво Фактор Ин Скопје, наводно побарале , во свое и во името на осигурителните компании Фактор Ин да остане во Одборот на доверители, а наместо останатите членови да се постават претставници на осигурителни компании и Стопанска Банка.
Ова барање е во најмала рака спорно: поголем дел од осигурителните компании кои се споменати во него фигурираат во книговодствените документи на СН Осигурителен Брокер во стечај , како должници. Дали вакво барање може правно да се поднесе во нивно „заедничко” име и дали истото воопшто е законски допуштено , тоа се прашања кои судот мора јавно да ги разреши.
На 3 јануари 2025 година, за претседател на Судскиот совет на РСМ е избран Бобан Камбоски , поранешен судија на Основен суд Битола (2010–2017), подоцна судија во Апелациониот суд Битола. Токму Судскиот совет е надлежниот орган за дисциплинска одговорност на судиите.
Охридскај претходно упатил јавен повик до Судскиот совет да ја провери работата на судијата Колевски во предметот CT-52/25. Со оглед на сериозноста на наводите , вклучувајќи можно постапување спротивно на член 94 и член 96 од Законот за стечај, кои обврзуваат судот да ги штити интересите на доверителите , неактивноста на Советот останува необјаснета.
Охридскај го поставува прашањето: дали Камбоски, претседател на Судскиот совет, кој своите судиски корени ги има во Битола, е во позиција на конфликт на интереси кога треба да надгледува постапување на судија од истиот суд во еден од најголемите финансиски предмети во Пелагонискиот регион? Советот е должен јавно да одговори.
Редакцијата располага и со информации , кои сè уште се во фаза на верификација , дека одредени лица блиски до случајот би можеле да бидат во посредна врска со одлуки или со нивно одложување (позната дама од бизнис секторот во Битола) Имињата на тие лица нема да ги објавиме сè додека не бидат потврдени по повеќе независни извори. Ова е стандард на кој Охридскај се придржува.
Охридскај прима информации дека на судијата Колевски наводно му биле ветувани услуги за унапредување на работната позиција , конкретно именување за претседател на Основен суд Битола , во замена за одредено постапување во предметот CT-52/25. Ова се изнесени наводи кои, ако се вистинити, претставуваат тешко кривично дело.
Бидејќи, со оглед на неговата биографија и изборот во 2023 година, судијата Колевски е релативно нов во функцијата, прашањето за брзо унапредување на претседателска позиција дополнително бара транспарентно образложение од страна на Судскиот совет.
Охридскај официјално бара:
(1) Судскиот совет јавно да се произнесе дали ги разгледал наводите за работата на судијата Колевски;
(2) Државната комисија за спречување корупција да го земе предметот CT-52/25 под лупа;
(3) Основното јавно обвинителство Битола да истражи дали списокот на наводни должници содржи фалсификувани исправи, согласно член 378 од Кривичниот законик.
Хронологија на клучни настани
Напомена на редакцијата: Информациите за наводни ветувања за унапредување, за посредни врски со одредени лица и за конфликти на интереси имаат статус на неверификувани наводи во фаза на истрага. Охридскај ги третира согласно принципите на одговорно истражувачко новинарство. Поканети се да известиме за секој одговор, демант или дополнителни информации кои ни бидат доставени.
С.Денесовски

Tagged as:
CT-52/25 Даниела Блажевска Иван Колевски судија Камбоски корупција правосудство Македонија Одбор на доверители осигурителен брокер стечај Основен суд Битола Охридакај сн осигурителен брокер стечај Битола стечајна постапка Судски совет РСМ Фактор Ин Скопје финансиски криминал Македонија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
