Студија од 2022 година покажа можна врска помеѓу чепкањето на носот и зголемениот ризик од развој на деменција.Кога чепкањето на носот ги оштетува внатрешните ткива, бактериите како Chlamydia pneumoniae можат полесно да навлезат во мозокот преку миризливиот нерв.
Кај глувците овој процес предизвикал воспаление и зголемено таложење на бета-амилоид, протеин поврзан со Алцхајмерова болест, пишува Science Alert.
Истражувањата покажаа дека бактериите брзо го инфицираат мозокот, а оштетувањето на носната слузница дополнително ја влошува ситуацијата.
Иако резултатите се уште не се потврдени кај луѓето, ова откритие укажува на важноста од одржување на здравјето на носот.
Научниците предупредуваат дека чепкањето на носот и влечењето влакна може да го оштетат заштитното ткиво и да го зголемат ризикот од инфекции.
Алцхајмеровата болест е сложена, но ова истражување отвора нови насоки во разбирањето на нејзините еколошки причини и важноста на превенцијата.