Background

СТРАЖАР ГО ПОСТРОИ ШЕФОТ НА ПЕНТАГОН

Војник на американската армија, кој го чува Гробот на незнајниот јунак на Националните гробишта Арлингтон, во средата ги опоменал министерот за одбрана Пит Хегсет и група негови најблиски соработници, откако некои членови на делегацијата се смееле и разговарале во близина на овој свечен споменик, по церемонијата по повод Денот на ветераните.

– Сите посетители се должни во секое време да одржуваат тишина и да покажуваат почит – гласно предупредил војникот, запирајќи ја патролата и свртувајќи се кон групата што се оддалечувала, пишува Си-Ен-Ен.

По церемонијата на Националните гробишта Арлингтон, организирана по повод Денот на ветераните, Пит Хегсет застанал пред гробницата и се фотографирал со сопругата Џенифер и своите соработници: шефот на кабинетот Рики Бурија, неговиот заменик Патрик Вивер и високата советничка и заменик-помошничка на министерот Тами Радабо.

- Advertisement -
Ad image

По фотографирањето, некои членови на групата почнале да се смеат и да разговараат, што го натерало војникот кој патролирал пред гробницата гласно да ги опомене и да ги предупреди за несоодветното однесување.

На барањето за коментар, главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, изјавил дека војникот „правилно и со почит ги потсетил сите присутни на обврската за соодветно однесување“.

– Министерот и целото Министерство за одбрана отсекогаш ја почитувале, и секогаш ќе ја почитуваат, жртвата што ја поднесоа припадниците на нашата војска за да ја заштитат Америка. За време на одбележувањето на овој свечен ден, војникот правилно и со почит ги потсети сите присутни на обврската за соодветно однесување – изјавил Парнел.

Гробот на незнајниот јунак е еден од најсветите воени споменици во Соединетите Американски Држави. Во него почива неидентификуван војник кој загинал за време на Првата светска војна.

 

 

Припадник на единицата „Old Guard“, односно Третиот пешадиски полк на американската армија, ја чува гробницата непрекинато, 24 часа дневно, без оглед на временските услови. Оваа традиција трае од 1948 година.

Странски државници, претседатели, јавни личности и политичари често ја посетуваат гробницата за да им оддадат почит на загинатите американски војници.

Хегсет и неговиот тим присуствувале на церемонијата на Националните гробишта Арлингтон, на која биле присутни и американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс.

Министерот за одбрана во последните денови повторно се најде под засилен притисок и критики, откако конгресменот Томас Маси, кој го напушта Конгресот, поднел предлози за негово отповикување.

Сепак, за време на процедуралното гласање во вторникот вечерта, републиканците успешно го блокирале започнувањето на постапката за отповикување. По гласањето, Хегсет и неговите сојузници тврделе дека со тоа била потврдена исправноста на неговата работа.

Маси го обвинил Хегсет за издавање незаконски наредби, меѓу кои и започнување војна против Иран без одобрение од Конгресот, игнорирање на законите што налагаат цивилните жртви да се сведат на минимум, како и наредување на Пентагон да спроведува вонсудски убиства.

На прес-конференција во вторникот, Хегсет изјавил дека обвинувањата всушност се последица на политичко несогласување околу водењето на политиката, а не на постапки што претставуваат тешки престапи и повреди на службената должност.

Претседателот Доналд Трамп, кој и самиот беше критикуван поради однесувањето на Националните гробишта Арлингтон, откако во 2024 година таму сними предизборно видео, застана во одбрана на Хегсет пред гласањето во вторникот и порача дека ќе продолжи да му дава поддршка.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖