Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремен дожд претежно во западните и североисточните делови од земјава. Во текот на денот облачноста ќе се намалува, па ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој наместа во западните делови повремено ќе биде засилен и ќе надминува 60 километри на час.
Минималната температура ќе се движи од 2 до 9 степени, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 6 степени, а дневната ќе достигне до 19 степени.
Во наредните денови следува постепено заладување. Времето ќе остане променливо облачно, а температурите постепено ќе опаѓаат. Дожд се очекува во недела и во понеделник.
Поради продорот на постуден воздух од север, во понеделник попладне на планините дождот ќе преминува во снег. Од вторник ќе преовладува стабилно и постудено време.
Tagged as:
на планините и снег СТИГНУВА ЗАЛАДУВАЊЕ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
