Пензионерите деновиве го очекуваат септемвриското усогласување на пензиите кое се врши според закон и не е линеарно, туку процентуално. Процентот на зголемувањето на пензиите законски се утврдува како збир од 50% од раст на трошоците на живот (инфлацијата) плус 50% од растот на просечната плата.
Oфицијалните пресметки се дека покачувањето на пензиите ќе изнесува 3% за сите пензионери.
Бидејќи моделот на усогласување на пензиите е процентуален, зголемувањето во денари не е еднакво за сите, туку зависи од висината на вашата сегашна пензија (повисока пензија носи поголем денарски износ)
Тоа ќе значи дека септемвриската пензија која досега изнесувала 20.000 денари ќе порасне околу 600 денари, односно пензијата би изнесувала околу 20.600 денари. Кај пензија од 30.000 денари, покачувањето би било околу 900 денари, додека пензија од 40.000 денари би пораснала за приближно 1.200 денари. Пензионерите кои примаат пензија од 50.000 денари би добиле околу 1.500 денари повеќе.
Сепак, точниот износ ќе зависи од официјалниот процент на усогласување кој треба да го соопшти владата.
Новото усогласување следува по претходниот циклус од 4 линеарни зголемувања на пензиите преку кои сите пензионери, без разлика на висината на нивната пензија, добија вкупно зголемување од 7.000 денари. Првите две линеарни покачувања беа од 2.500 денари, а се реализираа во септември 2024 година и март 2025 година. Третото беше во износ од 1.036 денари и се реализира во септември2025 година и последното линеарно покачување на пензиите беше од 1.000 денари и се реализира во март годинава.
Владата потоа одлучи да се врати на законското процентуално зголемување на пензиите поради иницијативите кои беа покренати пред Уставниот суд за проценка на линеарното зголемување на пензиите.
Сега повторно се применува процентуално усогласување, при што висината на покачувањето зависи од износот што го прима секој пензионер.
Tagged as:
СТАСУВААТ ПОКАЧЕНИТЕ СЕПТЕМВРИСКИ ПЕНЗИИ Кој колку ќе добие?
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
