Македонската репрезентација до 17 години победи 3-2 против Унгарија во првото коло од квалификациите за Европското првенство. Стефан Ристиќ постигна хет-трик по пресврт од 0-2.
Македонската репрезентација до 17 години оствари голема победа над Унгарија со 3-2 во воведното коло од првата квалификациска рунда за Европското првенство до 17 години. Нашите надежи доминираа во текот на мечот и заслужено се радуваат на триумфот.
Македонија е дел од Група 11, која се игра во Трабзон, Турција, од 11 до 17 ноември 2026 година, заедно со селекциите на Турција, Унгарија и Сан Марино.
Најзаслужен за победата е Стефан Ристиќ, кој со хет-трик донесе тријумф откако Македонија се врати од два гола заостаток.
Селекцијата предводена од Иљами Исејни сега има голема шанса за пласман во втората квалификациска рунда, Лига А, која носи борба за место на Европското првенство.
Првопласираните две репрезентации од секоја група се пласираат во втората квалификациска рунда – Лига А, а останатите продолжуваат во Лига Б. Во втората рунда, напролет 2027 година, 28 репрезентации од Лига А ќе се борат за седум места на завршниот турнир. Седумте победници на групите од Лига А ќе се пласираат на ЕУРО 2027, чиј домаќин е Летонија (24 мај – 6 јуни
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
