Background

Српскиот тениски ас Никола Јокиќ повторно се најде на удар на противнички кошаркар, овојпат на гостувањето на Денвер кај Мемфис во НБА-лигата

Српскиот тениски ас Никола Јокиќ повторно се најде на удар на противнички кошаркар, овојпат на гостувањето на Денвер кај Мемфис во НБА-лигата. Кем Спенсер го удри српскиот центар со лакт во меѓуножјето, во обид да го спречи неговото движење без топка.

Јокиќ реагираше кон судиите, а кошаркарот на Мемфис беше казнет за неспортскиот потег.

Инцидентот се случи на натпреварот што Денвер го доби со 123:118. Спенсер по ударот падна на паркетот, оставајќи впечаток дека самиот бил фаулиран, но судиите го санкционираа неговото постапување, пренесува српскиот „Мондо“.

- Advertisement -
Ad image

Јокиќ не дозволи инцидентот да го исфрли од ритамот. Натпреварот го заврши со 27 поени, 11 скока и осум асистенции, останувајќи на само две асистенции од нов трипл-дабл.

Денвер имаше и 18 поени предност во текот на натпреварот, но Мемфис успеа да ја врати неизвесноста во завршницата.

 

Џамал Мареј беше најефикасен кај победниците со 30 поени и осум асистенции. Особено се истакна во последната четвртина, кога постигна 17 поени.

Камерон Џонсон додаде 23 поени, вклучувајќи важна тројка по асистенција на Јокиќ, со која Денвер стигна до предност од 120:113 на нешто повеќе од една минута пред крајот.

Сличен инцидент се случи и на 27 февруари годинава, на натпреварот меѓу Денвер и Оклахома Сити. Тогаш Лу Дорт намерно му го попречи движењето на Јокиќ и го сопна додека српскиот центар трчаше кон спротивната половина. Јокиќ бурно реагираше, по што дојде до турканица меѓу кошаркарите на двата тима.

Судиите го исклучија Дорт поради неспортска лична грешка од втор степен. Во официјалното образложение на НБА беше наведено дека неговиот потег бил непотребен, прекумерно груб и со висок ризик од повреда. Јокиќ и Џејлин Вилијамс добија технички грешки поради меѓусебната пресметка

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖