Српскиот претседател Александар Вучиќ се огласи на Инстаграм додека во Белград се одржува масовен протест на студентите и на граѓаните против власта.
„Живее Србија“, напиша тој на Инстаграм.
Тој објави фотографија на која е завиткан во српското знаме.
Повеќе од 100.000 луѓе ги окупираа централните улици на Белград на антивладиниот протест „15 за 15“ на кој студентското движење ја повика цела Србија.
Бранот протести во Србија беше предизвикан од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, кога загинаа 15 лица. Студентското движење бара политичка и кривична одговорност од властите, борба против корупцијата, ефикасно функционирање на институциите без политичко влијание и уредно и праведно општество.