По наредба на Вишото јавно обвинителство на Специјалното одделение за високотехнолошки криминал, полицијата го уапсила М.Т. за кривичното дело загрозување на сигурноста од член 138 ст.3.
Според написите на медиумите во соседството, тој на социјалната мрежа Икс им се заканувал на српскиот претседател Александар Вучиќ и на претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ.
Тој е обвинет дека напишал пораки на социјалните мрежи во кои пишува: „Ќе го убијам татко ти, ќе ја заколам мајка ти, ќе ги мачам братот, синот и ќерката… Јави ѝ се на Ангела, јави му се на Шолц, јави му се на Путин, јави му се на Макрон, нека дојде и Трамп, исто го чека и него“.