Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди „агресивната агенда“ на Русија во Украина, како и нејзините постапки на други места во Европа, оценувајќи ги како „неодговорно коцкање“.
– Со ескалацијата на својата агресорска војна против Украина, како и со спроведувањето агресивна агенда на европско тло, Русија неодговорно се коцка, со што може само дополнително да се изолира и да ја зајакне решителноста и единството на Европејците – вели Макрон.
Францускиот претседател ги осуди и новите руски напади врз Украина, а изрази солидарност и со Полска, каде што вчера паднале две руски ракети и дрон. Тој посочи и дека Русија често го нарушува воздушниот простор на Молдавија.
Макрон ја потврди поддршката на Франција за Данска, која официјално ја обвини Русија за обидот за атентат врз украински рапер на нејзина територија. Поддршка вети и за Естонија, која најави ограничувања на патниот транзит преку границата со Русија.
Постапките на Русија, според Макрон, само ќе придонесат за зајакнување на „решителноста и единството на Европејците, како и на сите што сакаат да работат за мир и стабилност на нашиот континент“, заклучи францускиот претседател.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
