Српската пејачка Марија Шерифовиќ накратко ја прекина музичката турнеја и со синот Мариo и мајката Верица замина на одмор во Мајами.
Таа сподели детали од својот одмор преку влогови на Јутјуб, кои нејзините обожаватели обожаваат да ги гледаат.
Сепак, еден момент ги загрижил нејзините обожаватели, а се однесува на синот на Марија. Шерифовиќ раскажала дека поради еден момент на невнимание ќе доживееле несреќа.
Малиот Марио го повлекол телевизорот, но пејачката во последен момент изреагирала, успеала да го фати и да спречи неволја.
Верица веднаш тоа го искоментирала:
– Тој не те слуша ниту тебе, ниту мене. Прави што сака – рекла мајката на Марија, а пејачката се надоврзала.
– Кога ѝ реков дека е разгален, таа рече: „Не е Маро, тој е само љубопитен“ – рекла во свој стил Марија, што ги насмеало луѓето.
– Тој е само едно здраво, многу паметно дете кое сè го интересира, но не може да го влече телевизорот да му падне на глава – го бранела баба Верица, а Марија потоа признала дека, за среќа, инцидентот бил избегнат.
– Телевизорот за малку ќе му паднаше на глава синоќа – рекла таа во својот влог.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
