Србија треба да добие нова влада најдоцна до 15 февруари 2027 година, доколку новоизбраното Собрание се конституира на 17 ноември, како што е закажано. Со конституирањето ќе почне да тече уставниот рок од 90 дена за избор на владата, а доколку тој истече без нов кабинет, следува распуштање на парламентот и распишување нови избори.
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, ја закажа конститутивната седница на новиот, 15. собраниски состав за вторник, 17 ноември, во 10 часот, јави Бета.
За избор на влада се потребни најмалку 126 гласа во парламентот со 250 пратеници. Студентската листа „Студентите победуваат“, која на изборите од 25 октомври освои 140 мандати, располага со доволно гласови самостојно да го избере идниот кабинет., јави Радио-телевизија Србија (РТС)
Листата „Обединета Србија“, собрана околу поранешниот претседател Александар Вучиќ, освои 103 мандати. По двајца пратеници имаат Сојузот на војводинските Унгарци и Албанската коалиција, додека по еден мандат освоија листите на Расим Љајиќ, СДА Санџак и Движењето за обединување на Усама Зукорлиќ.
На дневниот ред на конститутивната седница се предложени шест точки, меѓу кои потврдувањето на пратеничките мандати, изборот на претседател и потпретседатели на Собранието, изборот на генерален секретар и формирањето на парламентарните работни тела и постојаните делегации во меѓународните институции.
До изборот на нов претседател на парламентот, со седницата ќе претседава најстариот пратеник, професорот Стојан Раденовиќ од Српската напредна партија, избран од листата „Обединета Србија“. Во водењето на седницата ќе му помагаат четворица најмлади пратеници.
Уставниот рок од 90 дена не значи дека изборот на владата мора да се одложи до февруари. Новото парламентарно мнозинство може да го избере кабинетот и порано, доколку се усогласат неговиот состав и програмата.
Според уставната постапка, претседателот на Србија предлага кандидат за претседател на владата по консултации со претставниците на избраните изборни листи. Владата се избира со мнозинство гласови од вкупниот број народни пратеници.
Ана Брнабиќ изрази надеж дека новиот собраниски состав ќе овозможи сериозна дебата и одговорно одлучување, со почитување на различните политички ставови.
– Сакам да веруввам дека Собранието и во наредниот период ќе биде место за сериозна дебата и одговорно одлучување. Важно е отворено да се разговара за сите прашања, различните ставови да се соочуваат со аргументи и да негуваме меѓусебно почитување и култура на дијалог – рече Брнабиќ.
Таа нагласи дека е особено важно да продолжат директните телевизиски преноси од собраниските седници, за граѓаните да можат да ја следат работата на своите претставници.
Брнабиќ предупреди дека укинувањето на преносите може да укажува на отстапување од демократските принципи, посочувајќи го примерот со Покраинското собрание, каде што, според неа, минатата недела биле прекинати директните преноси.
Tagged as:
СРБИЈА НАЈДОЦНА ДО 15 ФЕВРУАРИ ТРЕБА ДА ДОБИЕ ВЛАДА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
