Background

Срам за Гинис, ПЕТ скенот проработи откако пациентите платија со здравје и пари

Зарем не е срамота за една држава, ПЕТ скенот да не функционира неколку месеци, а неговото сервисирање да ти биде за ударна вест во книгата на рекорди на Гинис?

До кога со празни фрази и нарачани пиар текстови преку провладини медиуми, чија единствена цел е билдање на дневен политички рејтинг? Онколошки пациенти, луѓе кои се борат за секој ден живот, месеци наред чекаа единствениот државен ПЕТ/КТ скенер во земјава повторно да проработи. Апаратот застана поради дефект, а потоа и поради недостиг на радиоизотоп, суровина без која снимањето едноставно не постои. Решението, ако воопшто смее да се нарече решение, дојде преку итен увоз на материјал од Истанбул, додека за циклотронот, кој треба трајно да го реши проблемот, се чека дозвола од Белгија.

Ова не е приказна за модерна дијагностика, ова е приказна за држава која со месеци балансираше на работ на функционалноста на единствениот апарат од кој зависи проценката дали малигно заболување се проширило и дали терапијата воопшто дејствува. Пациенти сведочат дека биле враќани повеќепати, а дел биле принудени да плаќаат приватно или во странство, издвојувајќи и до 1.300 евра од сопствен џеб, пари кои државата, се разбира, нема механизам да ги врати.

Срамот вреди околу 5 милиони евра

- Advertisement -
Ad image

Срамот на министерот Клековски и на владата се мери во конкретна сума, некаде околу 5,8 милиони евра, толку чини еден современ ПЕТ/КТ систем заедно со циклотрон. Наместо превентивно одржување и навремена набавка на резервен апарат, добивме месеци на неизвесност, откажани термини и пациенти оставени сами на себе во најтешкиот момент од животот.

Сега, откако единствениот скенер повторно проработи, се отвора тема за набавка на втора ПЕТ камера. Звучи познато? И претходни министри ветуваа втор апарат, за да се намали зависноста од еден единствен уред кој опслужува илјадници граѓани годишно. Ветувањата остануваат, апаратот е ист, а пациентите продолжуваат да чекаат.

Не е само ПЕТ скенот

Проблемот не застанува тука. Компјутерскиот томограф во Општата болница во Охрид не работи веќе една година. Поправката чинела 200.000 евра, а сепак апаратот останал надвор од функција, па пациентите денес се препраќаат по приватни дијагностички центри, повторно на сопствен трошок.

Колку уште апарати треба да застанат, колку уште пациенти треба да патуваат до Истанбул, Софија или приватна клиника, за системот конечно да разбере дека здравството не смее да зависи од еден единствен уред и од добра волја на странски добавувачи?

До кога Клековски ќе парадира во празно?

С.Д.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation