Сопругата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, Уша Венс, имаше непријатен момент во понеделникот при симнување од Marine Two во базата „Ендрјус“. Таа го држеше во носилка пред себе својот син Алек Нил Венс, кој е на возраст од 9 недели, кога на една од скалите за излегување од хелокоптерот изгуби рамнотежа и за момент изгледаше дека ќе падне сосе бебето. Уша сепак веднаш се фати за оградата, ја стабилизира ситуацијата и продолжи надолу, а бебето остана безбедно во носилката.
Видеото привлече особено внимание поради тоа што неколку униформирани припадници на војската стоеја непосредно пред неа, но никој не се помести ниту милиметар за да ѝ помогне. Во еден момент Уша дури се насмевна и му се обрати на офицерот, што сугерира дека по инцидентот е сосема добро. Но, видеото, сепак, предизвика низа коментари на социјалните мрежи од луѓе кои прашуваат зошто некој од воениот персонал не реагираше во моментот кога таа за малку ќе паднеше.
Не е нужно дека војниците го прекршиле протоколот со тоа што останаа на место. Персоналот што стои во церемонијална или обезбедувачка улога околу воените летала има точно определени задачи и не е автоматски должен да трча кон лице кое се сопнало. Исто така, Уша Венс е Втора дама на САД, а не член на воениот синџир на командување. Во американската практика постојат строги церемонијални правила за воениот персонал при пристигнување и заминување на високи функционери, но нема општо правило дека секој припадник што стои во близина мора физички да помогне при ваков момент.
Џеј Ди Венс бил со неа на патувањето, но во моментот на незгодата не беше до неа. Тој излегол од леталото неколку секунди подоцна, носејќи ја нивната четиригодишна ќерка Мирабел. Потоа двајцата се сретнале на пистата. Подоцна Венс пред новинарите објаснил дека Уша и децата патуваат со него во Алјаска.
Целото семејство потоа продолжи кон Елмендорф-Ричардсон во Енкориџ, каде што пристигнаа со авионот Air Force Two. Џеј Ди Венс во Алјаска имаше политички настап во рамките на кампањата пред ноемвриските избори за Конгресот, со поддршка за републиканскиот сенатор Ден Саливан. Венс претходно во шега им кажал на новинарите дека 7 и пол часовниот лет со деветнеделно бебе веројатно ќе значи дека на настапот ќе изгледа „изморено и под стрес“.
На социјалните мрежи реакциите се поделени. Еден дел од корисниците се фокусираат на опасноста за мајката и за бебето и го критикуваат персоналот затоа што не реагирал, додека други укажуваат дека Уша само за момент ја изгубила рамнотежата, веднаш се фатила за оградата и очигледно не побарала помош. Дел од медиумите го опишаа моментот како „страшен“, но снимката покажува дека ситуацијата била совладана за само неколку секунди.
Уша и Џеј Ди Венс во јули годинава го добија Алек Нил, нивното четврто дете. Неговото раѓање привлече дополнително внимание бидејќи тој е првото дете родено додека неговиот татко е актуелен потпретседател на САД, по повеќе од 150 години.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
